Македонија
МВР: Ниту еден од мигрантите во Ваксинце не посочил дека е жртва на присилба, закана или уцена
Ниту еден од мигрантите кои беа пронајдени во полициската акција во кумановското село Ваксинце не посочил дека бил жртва на присилба, закана или уцена и сите дошле во Ваксинце по сопствена волја, велат од Министерството за внатрешни работи по спроведената акција којашто следуваше по написите во странски медиуми дека криминална група држи мигранти во заложништво во ова село.
Во акцијата пронајдени се вкупно 128 мигранти од Сирија, Ирак и други земји од Блискиот исток. Илегалните мигранти биле сместени во пет објекти, а во акцијата биле претресени вкупно десет куќи.Сопствениците на објектите, според сознанијата на МВР, ги изнајмувале куќите по цени во просек од 1.500 евра месечно, во зависност од тоа за каков објект се работи.Ако ги примале сами мигрантите им наплатувале од 5 до 10 евра само да се засолнат во објектот без да им дадат кревет за парите кои ги плаќале. „Од досега извршените разговори со илегалните мигранти, посочено е дека сите дошле во Ваксинце по сопствена волја, патувајќи од соседна Грција кон побогатите земји членки на Европската Унија, односно ниту еден од нив не посочил дека бил жртва на присилба, закана или уцена во однос на престојот“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.За криумчарње на мигранти ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица од село Ваксинце на возраст од 32 до 61 година, сопственици на објектите во коишто се пронајдени мигрантите.При претрес на објектите пронајдени биле еден пиштол марка „GROU MINI – 8 mm“ со рамка со 5 куршуми и 7 куршуми кои дополнително се пронајдени во ранец од мигрантите во чајџилница, каде што се откриени 41 мигрант. Во останатите објекти пронајдени и одземени се 11 куршуми 9 мм, компјутер, два лаптоп компјутери, три мобилни телефони, два џебни ножеви, една кошула со амблем на УЧК, еден тактички елек, една маскирна кошула без амблем и парични средства во износ од 2.400 евра. При претресот во куќите приведен е и шеесет и осумгодишен жител на селото кој е осуден на затворска казна за убиство коешто го извршил во 2001 година. „Причината за убиството е што пријавените, револтирани бидејќи сега убиениот не се согласувал на брак помеѓу неговата ќерка и синот на приведеното лице, се упатиле кон неговата куќа и по кратка расправија започнале да пукаат кон него при што му нанеле четири прострелни рани. Истиот бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде на 8 ми јануари 2001 година им подлегнал на повредите“, изјави Котевски. Откако во Македонија голем број на мигранти загинаа на железничките пруги и беа мета на шверцерите со мигранти, во процедура се измените на Законот за азил и привремена заштита. Од МВР појаснуваат дека завршила фазата на давање на предлози и сугестии и продолжува постапката за носење на Законот во Собрание. Со измените ќе им се овозможи на мигрантите легален транзит низ земјава во период од 72 часа или да побараат азил во Македонија. Ќе можат легално да платат превоз и други услуги.Мигрантите по приведувањето се сместуваат во прифатните центри, но голем број од нив се незадоволни од условите и бараат што побрзо да ги напуштат Центрите. Од МВР, велат дека немало инциденти при бунтот на мигрантите во Центарот во Гази Баба и дека тие мораат да ги почитуваат процедурите, односно сè додека не дадат изјави, да сведочат за кривично дело во коешто бил вмешан шверцер на мигранти./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски, бара СДСМ
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ.
„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.
Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?
„Кога СДС зборува за недостаток на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите. Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа ќе значеше дека идните покачувања на минималната плата нема автоматски да влијаат врз останатите плати во јавниот сектор. На тој начин ќе се прекинеше линеарниот раст и ќе се ослабеше заштитниот механизам за работниците.
Друг факт е дека финалната верзија на измените не беше објавена на ЕНЕР, а синдикатите информираа дека со предлог-законот се запознале преку веб-страницата на Собранието. Немаше суштинска јавна расправа, ниту вистински дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет.
Во тој момент реагираше тогашното раководство на ССМ. ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција поднесе бројни амандмани со цел да се спречи донесувањето на ваквото решение.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 40 амандмани, меѓу кои и клучниот предлог минималната плата да остане составен дел од формулата за пресметка. Со тоа се обезбеди и понатаму платите да растат линеарно со растот на минималната плата.
Токму затоа денес, кога расте минималната плата, растат и другите плати.
Зошто се премолчуваат случувањата од 2024 година? Зошто Трендафилов не го кажува тоа?
Зошто не се говори дека со заедничка акција беше зачуван принципот минималната плата да остане основа за пресметка?
ВМРО ДПМНЕ тогаш не дозволи, со скратена постапка и европско знаменце, да се донесе решение што ќе беше на штета на работниците.
ВМРО ДПМНЕ е на страната на работниците.
Токму затоа за 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување.
Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година.
Работниците заслужуваат сигурност а не дневнополитички конструкции од страна на СДС“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

