Македонија
МВР: Полициските службеници легитимирале во кафуле а не во телевизијата.ВИДЕО

Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од Одделот за обезбедување на поранешниот премиер и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во текот на петокот постапуваа согласно планот и задачите, и поради оперативните сознанија кои ги имаат за потенцијални ризици, службените лица легитимирале еден граѓанин кој без да се идентификува започнал да снима, соопшти во саботата Министерството и притоа истакнува дека идентификацијата била извршена во угостителски објект, а не во простории на телевизијата ТВ 21.
„Без примена на сила тие го замолиле да ги избрише снимките кои ги направил. Според нивниот исказ, тоа се случило во угостителски објект (кафуле), а не во телевизијата како што беше објавено во некои медиуми“, се наведува во писмената изјава од Министерството за внатрешни работи.
Од таму порачуваат дека доколку има каква и да е претставка против полициските службеници кои го извршиле легитимирањето, Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе постапува по неа.
Претходно телевизијата ТВ 21 објави дека на нејзин новинар во петокот попладнето од обезбедувањето на Груевски му било побарано да се легитимира и да ги избрише фотографиите од мобилниот телефон на кои бил фотографиран челникот на владејачката партија, во прошетка низ улица „Македонија“ во центарот на Скопје, непосредно пред седиштето на телевизијата.
Притоа, ТВ 21 емитуваше снимка од камерата за надзор пред телевизијата на која се гледа, како што тврдат дека „обезбедувањето на Груевски без дозвола“ влегува во просториите на телевизијата./крај/мф/сн
Се вчитува прикажувачот на видео…
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Се воведува системот за е-фактура, а тоа значи крај за фантом фирмите

Се воведува системот за е-фактура, а тоа значи крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
„Оваа е-фактура како процедура ќе значи да нема фантом фирми коишто 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од Буџетот и од Вас граѓаните, ако добро се применува и се работи во што немам сомневање, така што за да можеме попластично сето тоа да го разбереме можноста да ни се случуваат фантом фирми коишто ќе добиваат поврат на ДДВ и преку ноќ ќе бидат отуѓувани на фантом луѓе повеќе со овој начин на функционирање ќе биде тешко или речиси невозможно“, рече тој.
Мицкоски кажа дека овој процес почнал уште во 2015 година.
„Јас имам некоја меморија дека таму некаде 2015 година се започна овој процес, за нас од нејасни причини зошто тој беше континуирано, како да кажам беше одложуван, но сфативме после некои процеси коишто овој изминат период ги откривме и отвориме зошто бил одложуван. Еве конечно денес после повеќе од 10 години добива почеток и од она што го добивме на брифингот пред оваа прес-конференција е дека првиот кик оф, значи почнувањето со софтвер компанијата за имплементација ќе почнат 1 јули“, рече Мицкоски.
Македонија
ДУИ: Нема да дозволиме Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава

Демократската унија за интеграција го осудува најновиот пример на намерна и систематска дискриминација на Албанците во државните и јавните институции.
Само во еден случај, велат од партијата на Ахмети, во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, биле реализирани 19 унапредувања, од кои 18 за Македонци, 1 за Турчин, а ниту едно за Албанец.
Ова, додаваат од ДУИ, е јасен показател за етничка исклученост и повреда на уставниот принцип за правична и соодветна застапеност, како и доказ за континуитетот на дискриминаторските политики што ги спроведува оваа влада.
„Оваа влада секојдневно дејствува како режим на етничка изолација, претворајќи ги јавните институции во ѕидови за Албанците. Наместо еднаквост, се спроведува исклучувачки систем кој унапредува само етнички селектирани лица, ги игнорира албанските професионалци и им ја ускратува можноста за професионален и институционален напредок. Сè започна со неуставното укинување на балансерот од страна на Уставниот суд, со цел да се создадат услови Албанците да бидат третирани како непожелни во државната и јавната администрација“.
Упатуваат апел до сите институции за транспарентност и одговорност и порачуваат дека ДУИ нема да дозволи Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава.
Македонија
Лимани до жените -жртви на насилство: Не сте сами, има помош, има излез

Министерството за социјална политика, демографија и млади организираше настан како дел од комуникациската стратегија и кампања- „Има живот без насилство“ фокусирана на подигнување на јавната свест за родово базирано насилство врз жените.
Настанот, како и целата кампања се реализира во соработка со Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија и финансиска поддршка од Британската Амбасада во нашата држава.
По тој повод воведно обраќање имаше министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Даниел Филер и шефицата на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во Северна Македонија, Афродита Шаља.
„Денес не сме тука само за да зборуваме. Денес сме тука да кажеме – доста е! Доста е молкот да биде одговор. Доста е насилството да биде „приватна работа“. Доста е секоја петта жена да живее во страв – дома, на работа, на улица. Насилството врз жените не е нешто непознато. Не е статистика. Тоа е секојдневна реалност која разорува животи – во тишина, зад затворени врати, во домовите каде љубовта треба да биде заштита, а не закана,“ посочи министерот Лимани.
Тој во своето обраќање се осврна на многуте лица на насилството- емоционално, економско, психолошко, сексуално. Како и последиците кои насилството ги остава зад себе.
Лимани упати силни пораки до жените -жртви на насилство, до мажите- вршители на насилство, но и до институциите кои треба да превенираат, заштитат и одговорат на насилството.
„Не сте сами. Има помош. Има излез. Има живот без насилство. Имате право на достоинство, на љубов без страв, на дом без болка. Машкоста не е во удирање, во викање, во понижување. Вистинската сила е во почитта, во разбирањето, во поддршката. Затоа, ако сте сведоци, не молчете. Ако сте татковци, научете ги синовите на љубов, не на страв. Или сте дел од решението, или сте дел од проблемот. Средина нема,“ порача Лимани.
Министерот го заврши своето обраќање со апел до пошироката јавност.
„Да не молчиме! Да пријавуваме! Да им веруваме на жртвите! Да реагираме како општество што штити, не што осудува! Ако и еден живот спасиме, вреди. Ако и една жена добие втора шанса, сме успеале. Но мора да работиме не за еден – туку за сите. Да изградиме општество во кое жените ќе бидат безбедни – во својот дом, на улица, на работното место, на интернет, секаде. Да ги учиме нашите деца – дека љубов не значи контрола. Дека насилството никогаш не е оправдано. Дека тишината не е заштита – таа е дозвола за насилникот. Почнуваме денес. Почнуваме тука. Со глас што нема да замолчи, со храброст што нема да отстапи. За секоја жена. За секое девојче. За секое утре без страв. Не молчи! Не толерирај! Дејствувај! Има помош! Има надеж! Има живот без насилство!“ нагласи Лимани.