Македонија
МВР: Заврши полициската акција во Куманово, терористите неутрализирани – видео
Полициската операција во кумановската Дива населба е завршена, а истражни екипи веќе вршат увид на местото на настанот.
Како што истакна во недела помошникот министер за информации во МВР, Иво Котевски, терористичката група стационирана во неколку објекти, која претставуваше закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија, е целосно неутрализирана и елиминирана.
Станува збор за една од најопасните терористички групи која изминативе години беше инволвирана во бројни напади.
Како што информира Котески, лидери на групата се озлогласените Мухамед Красниќи т.н Малишева, Мирсад Ндрецај т.н. командант Нато, Сами Укшини т.н. командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Дем Шеху, алијас Јунику.
„Сите петмина се косовски државјани и фигурираат како основачи на паравоени структури. Тројца од нив синоќа се предадоа на полицијата“, рече Котевски.
Тој додаде дека се пронајдени 14 тела на терористи, а дополнително ќе се утврди дали во објектите во кои се водеше акцијата има уште тела.
„Не можеме да исклучиме дека има други загинати терористи и можно е во одредени простории да има уште тела. Објектите се обезбедуваат и во тек е увид, а пронајден е голем арсенал кој ќе биде даден на вештачење. Се предадоа повеќе од 30 терористи главно македонски државјани и еден албански државјанин. Против нив ќе биде поднесена крвична пријава за терористичко загрозување на уставен поредок и безбедност“, истакна Котевски.
Котевски истакна дека дел се претходно кривично гонети поради убиства, тешки кражби и други насилни дела. /крај/мф/ст
Се вчитува прикажувачот на видео…
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

