Македонија
На родилката што почина ова ѝ била седма бременост
Родилката од Крива Паланка, којашто почина по породувањето на здраво машко бебе, се разбудила по анестезијата од царскиот рез, но ѝ се слошило и итно била испратена на Клиники во Скопје, каде покажувала значи на живот, но откако починала била вратена во Куманово.
Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Куманово, надлежниот јавен обвинител веднаш издал Наредба за обдукција на телото на починатата родилка, како и насоки за прибирање информации за утврдување на причините што довеле до смртта на родилката.Имено, во текот на вчерашниот ден сега починатата 37-годишна родилка од Крива Паланка била донесена во Јавната здравствена установа Општа болница – Куманово во одделот за гинекологија и акушерство, каде по безуспешниот обид за спонтано породување, со одлука на надлежните гинеколози се пристапило кон породување со царски рез. Изведувањето на царскиот рез течело нормално и на свет било донесено здраво машко дете.По будењето од анестезија на родилката ѝ се влошила состојбата, по што итно е испратена во придружба на анестезиолог, анестетичар и медицинска сестра од интензивно лекување на Скопските клиники. На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување била примена и покажувала знаци на живот. Откако починала била вратена во кумановската болница, по што бил известен јавен обвинител.Телото утринава е однесено на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.По добивањето на обдукцискиот протокол јавноста ќе биде информирана за натамошниот тек на постапката.На родилката ова ѝ била седма бременост./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

