Контакт

Надворешна политика

Вајгл бара нови иницијативи за решавање на спорот за името со Грција

Објавено пред

 

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, ја претстави Предлог-резолуцијата за Македонија во однос на извештајот за прогресот за 2016-та година на Европската комисија, по која пред крајот на овој месец првпат ќе се дискутира на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот во Брисел, пренесува МИА.

 

За првпат во оваа Резолуција, Вајгл, освен што во име на ЕП за Македонија по осми пат предлага отворање на преговорите за членство на земјата во Европската унија, како новина дава предлог за највисоките политички структури и институции на ЕУ да развијат „нови иницијативи“ заедно со посредникот на Обединетите нации за преговорите за името, Метју Нимиц, со што ќе се стави крај на долготрајниот спор меѓу Македонија и Грција.

 

На почетокот на Предлог-резолуцијата изготвена од европратеникот Вајгл, најпрво се повторува дека таа ги зема предвид заклучоците на Европскиот совет од Солунскиот Самит во 2003 година и ветувањето дека иднината на сите земји од Западен Балкан е во Европската унија. Исто така, се зема предвид Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, Охридскиот рамковен договор, доделениот статус на „земја-кандидат за членство во ЕУ“ во 2005 година, Договорот од Пржино, Итните реформски приоритети за земјата доделени од Европската комисија и прогрес-извештајот на ЕК од 9 ноември минатата година.

 

Во неа се нотира и Декларацијата на Париската конференција за Западниот Балкан од 4 јули 2016 година, извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за успешно спроведените предвремени парламентарни избори на 11 декември 2016, Резолуциите 817 и 845 на Обединетите нации за Македонија од 1993 година и пресудата на Меѓународниот суд на правдата за прекршување на Времената спогодба од страна на Грција кон Македонија.

 

Со оглед на тоа што предвремените парламентарни избори што се одржаа во Македонија имале многу висок одѕив на гласачите, на почетокот на Предлог-резолуцијата за Македонија се посочува и дека „реформите и подготовките за пристапување кон ЕУ се попречени од страна на политичката поларизација“. Исто така, се забележува назадување во важни области, односно дека е потребна посветеност на клучни прашања во процесот на реформи како што се реформи во судството, јавната администрација и медиумите, невработеноста кај младите и преглед на Охридскиот рамковен договор.

 

„Преговорите за членство треба да се отворат по исполнување на условите за тоа, посебно што земјата се смета за многу години како една од најнапредните држави во однос на усогласувањето со европското законодавство. Билатералните спорови треба да бидат соодветно опфатени во согласност со стандардите на ЕУ и на Обединетите нации и не треба да претставуваат пречка за почетокот на пристапните преговори“, се наведува во Предлог-резолуцијата на ЕП за Македонија.

 

Во предлогот на Вајгл се поздравува „почитувањето на фундаменталните слободи, прикажано на изборите на 11-ти декември 2016 година“. Исто така, се повикуваат сите политички партии да ги прифатат резултатите од изборите во интерес на домашната стабилност и се нагласува нивната одговорност да се осигура дека нема повеќе да има назадување во политичката криза“.

 

„Европарламентот повикува на брзо формирање на новата влада со цел да се искористи мандатот за да се продолжи со потребните реформи и смета дека е од суштинско значење меѓупартиската соработка за решавање на домашните предизвици и на предизвиците поврзани со ЕУ. ЕП заклучува дека изборниот процес е подобрен, вклучувајќи ги и законските рамки, избирачките списоци и медиумската средина“, се вели во Предлог-резолуцијата.

 

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, во Нацрт-резолуцијата повикува на политичка волја за целосно спроведување на Итните реформски приоритети и договорот од Пржино. ЕП ја повикува и Европската комисија, во првата можна прилика, но пред крајот на 2017 година, да го оцени напредокот на земјата за имплементација и да поднесе извештај до Европарламентот. А, додека се отпочне со реализацијата со реформите, ЕП го поддржува продолжувањето на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) за систематско помагање на земјата во овој потфат. Исто така, предлог-Резолуцијата предупредува дека „потенцијалните негативни последици од понатамошното одложување на процесот на пристапување на земјата кон Европската унија“.

 

Второто разгледување на драфт-Резолуцијата за македонската држава пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) е планирано да се одржи на 27-ми февруари, а ден подоцна и за истата да се гласа на АФЕТ-комисијата./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 часа

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс,...

Спорт7 часа

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А. Од самиот почеток,...

Спорт8 часа

Почина легендарниот Оскар Шмит

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на...

Спорт8 часа

Заврши регуларната сезона во Евролигата

Вечерва заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Шест екипи директно изборија место во четвртфиналето, а четири ќе разигурваат...

Спорт8 часа

Вардар 1961 лесно се справи со Алкалоид, ќе го брани трофејот во Купот

Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во...

Свет9 часа

Трамп: Ќе го земеме збогатениот ураниум од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за собирање на збогатениот ураниум и да го вратат...

Свет9 часа

Зеленски: Русија повторно се обидува да ја вовлече Белорусија во својата војна

Белорусија гради патишта што водат до украинската граница и поставува артилериски позиции во близина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако...

Свет9 часа

Стармер: Повеќе од 10 земји се подготвени да издвојат средства за мисијата во Ормускиот теснец

Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека повеќе од 10 земји се подготвени да придонесат со средства за одбранбената мисија,...

Свет9 часа

Ирански медиуми: Изјавата на иранскиот министер за отворањето на Ормускиот теснец е „лоша и нецелосна“

Изјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека по прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални...