Контакт

Надворешна политика

Визијата на британскиот амбасадор Гарет за Македонија во 2027: Решен спорот со Грција, членство во НАТО, преговори со ЕУ, жена премиер…

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Извонредниот напредок кој Македонија го направи во последните 10 години се должи на посветеноста и обврските кои беа направени од владата која беше оформена по изборите во 2016-та година, и која тогаш го започна својот визионерски план „Македонија: Стратегија за сите наши граѓани“, вака британскиот амбасадор Чарлс Гарет во блог пост ја опишува иднината на Македонија и промените низ кои таа евентуално би поминала во следните десет години.

 

„Тој потег го предизвика она што потоа низ Балканот беше познато како „Декадата на Македонија“. Низ тие десет години, македонските влади напорно реабота за да ја постигнат целите на Националната стратегија. Како резултат на тоа, земјата ги виде придобивките, извонредното лидерство успеа да биде пример во регионот и да направи значаен придонес за евроатланските интеграции. Регионот повеќе не е барател на безбедност, туку тој е значајен придонесувач за колективната безбедност на Европа“, пишува британскиот амбасадор.

 

„Секако, договорот за името со Атина во 2020-та година беше основата за многу од она што е постигнато. Не беше лесно да се дојде до договор, и за постигнувањето на договорот беше неопходна голема политичка храброст и кај двете страни. Шест години потоа пак, на договорот универзално се гледа како на добро нешто, не само поради тоа што ги отвори вратите за пристапувањето во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, туку и поради реформтие кои беа потоа спроведени. Додека овој договор ја отвори вратата, посветеноста на владата за имплементацијата на реформите беше тоа што го забрза евроатланскиот процес. Значајно за ова беше и зголемената доверба на македонскиот народ во правосудниот систем“, додава Герет во својот блог пост.

 

„Економскиот развој на Македонија беше она што ги натера луѓето низ Европа да го препознаат тоа што се случува во земјата. Земјата веќе долго време е регионално компетитивна, и на старт ап сцените во Скопје, Тетово, Битола и Штип целиот Балкан завидува. Тие служат како корисни инкубатори за идеи и креативност. Обезбедија раст за регионалните економии, особено помеѓу младите луѓе“, продолжува британскиот амбасадор, опишувајќи ја својата визија за Македонија во следните десет години.

 

„Македонската премиерка ми посочи дека е горда на она што Македонија го постигна во последната декада и како сето постигнување беше направено преку употребата на разлноликоста на луѓето кои живеат во Македонија. Низ историјата на Македонија никогаш не и било лесно, но „Декадата на Македонија“ беше декада на успех, и тој успех се рефлектираше преку организирањето на Младинските олимписки игри, натпреварување кое од страна на Меѓународниот олимписки комитет беше пофалено како поставување на нов стандард“, заклучува британскиот амбасадор во својот блог пост./крај/мф/бс

 

Македонија

Тасевски во Албанија, во фокусот борбата против организираниот криминал и корупцијата

Објавено пред

Денеска, делегација од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Македонија, предводена од директорот Сашо Тасевски, во придружба на заменик-директорот на БЈБ, Ариф Асани, помошник-директорот Оливер Лукароски и началникот на Секторот за меѓународна полициска соработка, Рефик Черими, оствари работна посета на полицијата на Република Албанија, каде што имаше средба со генералниот директор, мајор Гладис Нано. На официјалната средба меѓу двете делегации се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во борбата против организираниот криминал, корупцијата, перењето пари и тероризмот и борбата против трговијата со дрога.

dobivaj vesti na viber

Генералниот директор Нано посочи дека меѓусебната соработка на двете министерства е одлична како за оперативни прашања така и за други елементи на заедничката борба против криминалот, така што оваа средба само дополнително ќе ја продлабочи и зајакне. Меѓу другото, како области за натамошна соработка беа посочени борбата против тероризмот и перењето пари како еден важен показател за безбедноста на државите, а воедно генералниот директор Нано посочи дека борбата со трговијата со дрога била и останува главен приоритет за полицијата на Република Албанија. За таа цел, ги концентрираат и дополнително ги зајакнуваат логистички капацитети и човечки ресурси во пристаништето Драч, каде што има најмногу обиди за трговија со наркотици, кои доаѓаат од Латинска Америка. Друг приоритет за полицијата на Албанија, според Нано, е спречување и сузбивање на обидите за одгледување канабис, криминална активност што ги збогатува криминалните групи и поединци давајќи им моќен коруптивен инструмент.

„Оваа клима на соработка е клучен елемент за гарантирање на јавниот ред и безбедност во двете наши земји и исто така нè мотивира да работиме заедно уште повеќе на прашања како што се борбата против организираниот криминал и прекуграничниот криминал, кои се заеднички приоритети“, истакнал тој.

На крајот од средбата двете страни искажале уверување дека и во иднина соработката меѓу двете министерства ќе се интензивира во насока на заеднички оперативни и истражни дејства во делот на меѓународни прашања и борбата против тероризмот, борбата против организираниот криминал и перењето пари.

Делегацијата од Бирото за јавна безбедност го посети и специјалното одделение РЕНЕА, при што во нејзина чест беа презентирани современите методи и техники на работење и нивното специјално оружје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Зачести употребата на терминот „северномакедонци“, мора редовно да се реагира на секоја погрешна употреба

Објавено пред

Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

dobivaj vesti na viber

„ Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира. Со други зборови “Северна Македонија” е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува.

Затоа секоја употреба на терминот “северномакедонци” освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор. Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи. Тоа е недозволиво.

Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик.
Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот“ напиша Димитров на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР: Бугарскиот конзул немаше право да присустува на увидот на Комисијата во клубот „Ванчо Михајлов“

Објавено пред

Министерството за надворешни работи соопшти дека бугарскиот конзул во Македонија, Димитар Иванов, немал право да присуствува во увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата во Културниот центар во Битола „Ванчо Михајлов“.

dobivaj vesti na viber

„Што се однесува до присуството на генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија со седиште во Битола, Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата во просториите на Културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека во согласност со Конвенцијата за конзуларни работи тој немаше право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани во согласност со постојните законски прописи на државата.

Господин Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија што живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија“, соопшти МНР.

Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите граѓани да ги користат правните механизми за заштита од дискриминација како примарен начин за заштита на своите права и слободи. Исто така, укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата што покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети со цел да се одбегне каква било политизација во решавањето и заштитата на правата на физичките и правните субјекти.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

(Интервју) Ванчо Узунов: Даночниот систем е во хаос, сиромашните плаќаат, богатите се богатат

Сегашниот даночен систем е тотално несоодветен, а состојбата е таква што секогаш е време за реформи, вели во интервју за...

Македонија4 часа

МОН: Учебната година почнува на 1 септември, во тек се активности за успешен почеток

Министерството за образование и наука информира дека учебната 2022-2023 година ќе почне на 1 септември и за оваа цел веќе...

Македонија5 часа

Ковид-статистика: 600 позитивни на вирусот, пријавени 10 починати лица

Во осгласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Европа6 часа

Резников: Руските зборови не вредат ниту за хартијата на која се напишани

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, присуствуваше на донаторска конференција за Украина во Копенхаген со данскиот министер за одбрана, Мортен...

Регион7 часа

Вучиќ: Приштина подготвува ликвидација на нашиот народ под превезот на борба против криминалот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека Приштина ја користи ситуацијата во Украина за да води кампања против Србија...

Економија7 часа

Цената на бензините се намалува 2 денара

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Свет9 часа

Борел предупреди: Поддршката за Украина има своја цена

Европејците мора да бидат подготвени да ја платат цената за поддршката на Украина и за зачувувањето на единството, изјави шефот...

Економија10 часа

Шефот на „Рајанер“: Крај на ерата на евтини летови од 10 евра

Мајкл О’Лири, извршен директор на „Рајанер“, изјави дека ерата на евтини билети од 10 евра е завршена и дека нискобуџетската...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ: Срамната епизода „Стево и плочата“ до вчера се фалеше, денес вели дека била спомен-плоча од привремен карактер

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски води политика од денес за утре. „Сè е сведено само на гол пиар и зад неговите...

Македонија11 час

СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, во ЕУ со заштитен македонски идентитет и јазик

СДСМ со одговорен, државнички пристап за пет години ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата поставени при осамостојувањето пред...

Европа11 час

Тајван го отфрла кинескиот модел „една земја, два система“

Тајван го отфрла моделот „една земја, два система“ што Пекинг го претстави во својата стратегија за решавање на тајванското прашање,...

Македонија23 часа

Изолација и епидемиолошко следење за сите суспектни случаи на мајмунски сипаници во земјава

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници...

Македонија1 ден

Кабинет на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер

„Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот ‘Св. Прохор Пчињски’ за Илинден беше од времен карактер со цел да...

Европа1 ден

Силвио Берлускони најави враќање на политичката сцена

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и...

Топ1 ден

Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.8.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во...

Свет1 ден

Кинескиот амбасадор во Москва: Вашингтон е иницијатор и главен двигател на кризата во Украина

Кина денеска ги нарече САД „главниот двигател“ на кризата во Украина. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска,...

Македонија1 ден

Нови 693 позитивни на Ковид-19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија1 ден

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија1 ден

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа1 ден

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...