Надворешна политика
Груевски до Заниер: Единствениот излез од кризата се нови избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со партиска делегација составена од Никола Попоски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Илија Димовски и Александар Николоски во четвртокот оствари средба со делегација на ОБСЕ предводена од Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, на која беа повторени јавно изнесените ставови од страна на ВМРО-ДПМНЕ за актуелни теми и области, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од Тиранската платформа која се создаде под покровителство на соседна држава и преставува обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор, како и дека таквата платформа не беше гласана и не доби доверба од граѓаните на последните избори.
На средбата беше истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека е нарушен е принципот на коалицирање на победник со победник, кој што беше силно застапуван од ДУИ, но и од претставниците на меѓународната заедница, и пријателските држави. Нарушувањето на овој принцип значи исклучување на мнозинството Македонци од процесот на одлучување, што преставува изигрување на нивната волја изразена на последните избори, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Беше истакнато дека единствениот излез од кризата се брзи предвремени парламентарни избори, кои би можело да се одржат заедно со локалните избори на кој граѓаните би гласале за програми кои би биле понудени и однапред познати, додаваат од партијата.
Беше посочено дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за мултиетничка и граѓанска држава, во која подеднакво ќе се почитуваат правата на сите заедници, наместо бинационална каква што се фаворизира со тиранската платформа и партиите кои ја одобрија и прифатија, при што беше изнесена опасноста дека тоа би довело кон федерализација на државата и понатамошни тензии, велат од партијата.
Во однос на темата граѓанско општество и организациите кои дејствуваат во државата од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека најголемиот дел од граѓанските организации се финансирани од еден ист извор Џорџ Сорос, а тие средства во Македонија се употребуваат најчесто за исти политики цели кои се во правец на една иста политички идеологија, на тој начин оневозможувајќи плурализам во граѓанскиот сектор. Десороризацијата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ пред се значи повеќе средства од владата за невладините организации со цел тие да не бидат зависни од еден ист извор, со цел воведување на плурализам во нивното дејствување, заклучуваат од партијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Маричиќ – Вархељ: Реформите и комплетираната преговарачка рамка се гаранција за членство на Македонија во ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ, при што разговараа за задачите и обврските што ги имаме да ги завршиме оваа година поврзани со процесот на евроинтеграција.
Успешно и бргу да ги направиме реформите, било едно од барањата на еврокомесарот Вархељ и со политичкото обединување за евроинтегративниот процес и успешните уставни измени Македонија да ја загарантира европската перспектива.
На средбата еврокомесарот Вархељ ја потврди поддршката што Македонија ја има од европските партнери, која, според Маричиќ, треба да ја искористиме и да биде мотив да продолжиме со процесот на преговори подинамично и интензивно.
На средбата вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ го брифира еврокомесарот за текот на скринингот и подготовките за изработка на важните патокази, како и за изработката на приоритетниот реформски план.
„Имаме капацитет да го задржиме темпото на скрининг и да го искористиме овој дел од преговорите за да подготвиме темелен реформски план, кој за кратко време ќе ги исполни очекувањата и на ЕУ и на македонските граѓани“, рече вицепремиерот Маричиќ.
Маричиќ со еврокомесарот за проширување, Вархељ, зборуваше и за актуелните политички случувања и заедничкото справување со енергетската криза.
За односите со Бугарија беше констатирано дека разликите мора да се решаваат врз европските вредности, на европски начин, со меѓусебно почитување и во духот на добрососедските односи.
Македонија
Зајкова од Копенхаген: Автократските владите може да бидат закана за слободата и демократијата

Во 21 век постојат пратеници во Европскиот парламент, кои доаѓаат од редот на земји членки на Унијата, што негираат право на самоопределување и постоење, користејќи го правото на посилниот и тоа ги доведува во прашање принципот на демократијата и европските вредности. Демократските структури постојано се ослабуваат, а демократските процеси се сведуваат на владини процедури, плебисцити и работа за односи со јавноста. Способноста на демократската политика да се наметне против економската моќ е намалена, истакна претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, на панелот „Потенцијалот на трансформативните движења, граѓанското општество и прогресивните партии“ во Копенхаген како дел од конференцијата „Западен Балкан и ЕУ-предизвици и можности“, организирана во соработка со Советодавната група за политика на Балканот во Европа (BiEPAG), Европскиот фонд за Балканот (EFB) и трите клучни дански политички партии, Социјалдемократите, Либералната партија и Зелената левица.
Според Зајкова, мораме многу да бидеме претпазливи какви влади избираме бидејќи сведочиме како автократското владеење може да ги задуши слободите и правата и да нè однесе во изолација. Владите може да бидат закана за слободата.
„Затоа, кога зборуваме за улогата на влада, не смееме да заборавиме дека владата секогаш и суштински мора да биде во служба на поединецот, а не обратно. Целта на владата е да го спроведе законот за граѓаните преку обезбедување и заштита на правата на луѓето. Тоа го прави со зачувување на нивните животи и слободи од насилството на другите. Тоа е слобода од деспотската и предаторска доминација на некои поединци над другите, вели таа.
Зајкова истакна дека голите популисти промовираат култура на зависност и играат со емоциите на луѓето, нашата прогресивна политика мора да се фокусира на помагање на луѓето да го креираат својот свет со свои напори – во соработка со другите, да му дадат ново значење и да го вратат духот на заедницата. Игнорирањето на разликите не е решение, никогаш не било, но соочувањето со нив и обидот за нивно решавање заедно со другите играчи во општеството е.
„Способноста за соработка сè уште е главниот ресурс на модерната моќ и капацитетот за обликување на светот во кој живееме. Мора да се концентрираме на создавање и зајакнување кооперативни и инклузивни институции, искрени добрососедски односи и регионална и меѓународна соработка. Прогресивните движења, либералните и левите партии мора да се стремат кон обликување и користење на државните институции за развој на општествата и демократијата. Она што можеме да видиме е дека земјите од Западен Балкан покажуваат волја и спремност за прогрес и интеграција, но не често ЕУ јасно покажува отвореност за нивно целосно вклучување во соработката и системот на одлучување“, заклучува Зајкова.
Македонија
Мицкоски: За да останат на власт, отстапија и прифатија сè, невозможно ќе биде да се исправат нивните грешки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека тоа што се случува со Бугарија е нешто за што како партија предупредувале дека ќе се случува.
Тоа што вознемирува, рече Мицкоски, е фактот дека оваа Влада и покрај сите отстапки и покрај сето она што беше побарано од неа, практично сè отстапи и сè потпиша во интерес на зачувување на своите лични фотелји. Мицкоски рече дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ги исправи грешките што ги направила оваа Влада.
„Гледаме дека другата страна и покрај сето тоа, влегува во еден таканаречен конфликт, кој би го ставил на ниво на една студена војна помеѓу двете држави бидејќи, колку што разбрав, амбасадорот на нашиот источен сосед не е во државава, односно го задржале таму, не го вратиле назад, односно не е дојден тука, каде што треба да ја извршува својата амбасадорска позиција. И тоа го правдаат властите во Софија како револт поради оној настан што се случил во Охрид. Тоа е така затоа што кога едната страна попушта сè, коленичи, витка ‘рбет, а другата страна практично добива сè, таа страна, во случајов Бугарија, мисли дека природно нејзино право е да добие сè што ќе побара и на тоа предупредувавме изминатиот период дека тоа не треба да се случува, но, за жал, имаме политички аналфабети криминалци и корумпирани политичари, кои буквално, за да ги задржат своите позиции и да може уште некој тендер во четири очи да добијат, подготвени се сè да проголтаат. Но, се разбира, на товар на македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонските граѓани“, вели Мицкоски.
Тој ги обвини властите дека функционираат како аналитичари.
„И Владата и Стево Пендаровски седат и прават анализа, па ќе го слушнете Стево Пендаровски како ќе ви каже дека ова било некаков си заговор, дека овие се некои тајни служби, надворешни влијанија и фактори за дестабилизација на Македонија, а притоа ниту едните ниту другите, по состанокот што го имаа, Советот за безбедност кај Пендаровски, не излегоа кои се тие странски служби, кои се тие странски фактори за влијание, кои се практично луѓето што сакааат да ја дестабилизираат Македонија? Знаете, тие добиваат плати, ги уживаат привилегиите затоа што народот ги плаќа да даваат решенија, да даваат одговори на прашањата, а не како аналитичари да коментираат“, истакна тој.
Мицкоски додаде дека властите првин почнале со тезата прогласување персона нон грата, па потоа се повлекле.
„Чекаат да дојде 4 февруари, па да се случат инциденти и тие луѓе да предизвикаат и провоцираат и од маргинални политичари, буквално естрадни политичари, да претворат политички тешкаши, сега со овие пинг-понг изјави во јавноста, овој Џамбаски, како се викаше овој европскиот политичар, како му беше презимето, од што не знае што да направи, повеќе буквално како циркузант во естрада се однесува за да добие некој политички поен повеќе на темата ‘мрази ги Македонците’, ‘навредувај ги Македонците’, ‘мрази ја Македонија’ итн. И што направија тие со тоа, буквално ништо. Ете тоа се тој театар и естрада, во која ја претвораат политиката во Македонија.
Ова нивно килаво однесување, кое претпоставувам е резултат на нивната огромна корумпираност и заштита на криминалот за да останат уште некој ден, некоја недела, некој месец на тие позиции за да може на грбот на овој народ да се богатат и се подготвени сè да проголтаат. Па дури и народот да го жртвуваат, па дури и иднината на народот да ја жртвуваат, само за да може тие уште некој ден да останат таму каде што се.
Јас сум навистина згрозен и очекувам што побргу да излеземе на предвремени парламентарни избори и да може народот гласно да зборува, а јас сум убеден во тој резултат и во огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача, но и невозможна, да ги исправи сите грешки што оваа криминална и корумпирана Влада на ДУИ, поддржана од СДСМ, ги направи“, порача Мицкоски.