Надворешна политика
Заев-Кара: За сите прашања разговараме низ уставните решенија, очекувам брзо да формираме влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во петокот се сретна со турската амбасадорка Еркал Кара, при што беше разгварано за текот на процесите за формирање нова влада во Македонија, соопштуваат од СДСМ.
„Над 612 илјади граѓани од сите етнички заедници гласаа за промени и за развој на Македонија во духот на европските демократски вредности. Очекуваме дека во брзо време ќе го добиеме мандатот и дека ќе ја формираме новата Влада на граѓаните на Македонија“, рече Заев.
Нагласено е дека мнозинската поддршка од граѓаните на концептот за заедништво, е голема придобивка за иднината на Македонија, додаваат од СДСМ.
„Еден од темелите на нашата програма, План за живот, е Македонија едно општество за сите. Ставот на СДСМ е дека само еднакви граѓани на кои ќе им биде овозможен квалитетен начин на живот можат успешно да придонесуваат кон личен развој и кон евро-атланстките перспективи на Македонија. Горди сме што застанавме зад овој концепт што го поддржаа и граѓаните на изборите, за сите отворени прашања разговараме низ уставните решенија и се надевам дека во многу скоро време Македонија ќе добие одговорна Влада на којашто ќе и бидат приоритет единствено граѓанските интереси“, рече Заев на средбата со турската амбасадорка Кара./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Димитров – Шаленберг

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, ја заокружи еднодневната работна посета на Австрија со средба со федералниот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг.
Димитров нагласи дека прашањето за почнување на преговорите на земјата за полноправно членство во ЕУ има силни геополитички импликации за Унијата како проект за европско обединување и укажа на загриженоста за негативното влијание на секое понатамошно одолжување на пристапните преговори врз кредибилитетот на ЕУ во регионот, а со тоа и на улогата на Унијата како глобален актер.
„Ова е клучен момент за постигнување чекор напред во евроинтегративниот процес на Северна Македонија со ЕУ, што би значело и преточување на интересот на Австрија како непосреден сосед на регионот на Западен Балкан во конкретен резултат базиран на објективно вреднување на копенхашките критериуми“, рече Димитров.
Министерот Шаленберг ја поздрави посветеноста на земјата во спроведување на реформите што значат вистинско приближување кон европските стандарди и нагласи дека поддршката и интересот на Виена за заеднички успех е сосема јасна.
Соговорниците разменија мислења за продлабочување на билатералната соработка, која се одвива во рамките на континуирана техничка помош, но и преку економската и инвестициската рамка, како и хуманитарната помош во контекст на ковид-кризата. Димитров се заблагодари за солидаризирањето на Австрија со регионот уште од самиот почеток на здравствената криза, информираат од неговиот кабинет.
„Во овие тешки времиња што ги предизвика пандемијата, пријателската помош е повеќе од добредојдена и во тој контекст би сакал да упатам благодарност за континуираната политичка и економска поддршка, но и значајната помош за секторот здравство од Австрија“, истакна Димитров на средбата.
Македонија
Николоски на конференција со ЕУ-пратеници: Бугарија да го тргне ветото и да престане со условувањата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции учествуваше на онлајн конференција во организација на германската Фондација „Конрад Аденауер“ во соработка со Инстутот за демократија. На конференцијата се дискутираше за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија со посебен осврт на Собранието како институција која има клучно учество во овој процес.
Покрај Николоски говорници на овој настан беа европратениците Марион Вилсман од Германија и Владмир Билчик од Словачка, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и директорот на Конрад Аденауер во Македонија Даниел Браун.
Овој настан има за цел да поттикне дискусија за улогата на Собранието во процесот на приклучување кон Европската Унија и важноста на законодавниот дом во насока на придвижување на европскиот пат на Македонија. На конференцијата заеднички беше нотирано значењето на Собранието во поглед на евроинтеграциите како и односот на Собранието со Европскиот Парламент, но и клучната потреба за дијалог помеѓу институциите и сите политички чинители во земјава.
Со овој настан се продолжува успешната соработка со Германската фондација Конрад Аденауер, која е фондација на владејачката ЦДУ од Германија.
Македонија
Димитров: Мора да ја добиеме заслужената валидација од ЕУ преку одобрување на преговарачката рамка

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, работната посета на Република Австрија ја почна со средба со федералната министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер.
Соговорниците ја потенцираа потребата од ефектуирање на минатогодишната безусловна одлука на Советот за општи работи на ЕУ за почеток на пристапните преговори. Димитров се заблагодари за активното залагање на Австрија за приоретизирање на прашањето за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ и се осврна на континуираните резултати во клучните реформски области заедно со посветеноста на земјата за надминување на наметнатите предизвици во контекст на преговарачката рамка.
„Северна Македонија мора неодложно да ја добие долгоочекуваната и заслужена валидација преку одобрување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција. Потребни се одлучни чекори за да се врати силата на европската визија во регионот. Придвижувањето на евроинтегративниот процес ќе значи зголемена доверба, влијание и предвидливост на европската перспектива во согласност со австриската позиција дека нема друга алтернатива за процесот на проширување со Западен Балкан, а ќе внесе позитивна динамика и нова енергија неопходна за унапредување на имиџот на ЕУ како стратешки актер“, рече Димитров.
На средбата, како што информираат од неговиот кабиент, била потврдена континуираната принципиелна поддршка од австриска страна, но и личната заложба на министерката Едштадлер за почнување на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата и биле разменети мислења во однос на натамошните чекори за реализирање на европската перспектива на земјата и техничката помош од Австрија во таа насока.
За таа цел, беше потврдено прифаќањето на поканата за возвратна посета на министерката Едштадлер, што треба да биде реализирана на почетокот на мај годинава. Воедно, беше разговарано и за стратегијата за вакцинација и беа разгледани можностите за зголемување на помошта во справување со пандемијата на Ковид-19, потенцираа од кабинетот на Димитров.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш