Надворешна политика
Заев на средбата со Река: Очекуваме Груевски да го врати мандатот, СДСМ да формира Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во средата оствари средба со албанскиот амбасадор Фатос Река, при што информираше за очекувањата на СДСМ за разврска на политичката криза во правец на демократските промени за коишто гласаа мнозинството граѓани на Македонија на 11-ти декември, како и за очекувањата за соработка со албанските партии, соопштуваат од СДСМ.
„Очекуваме на 29-ти декември Никола Груевски да го врати мандатот и дека СДСМ е партијата што ќе формира Влада во Република Македонија“, рече Заев.
Констатирано е дека на изборите во Македонија граѓаните застанаа зад концептот на заедништво наспроти концептот на поделби и дека е тоа голема придобивка за.Македонија, додаваат од партијата.
„СДСМ во Планот за живот се обврза за квалитетен живот на граѓаните, правда и правичност, еднаквост на граѓаните, во Македонија едно општество за сите граѓани. Нашата цел е да ги спроведеме сите потребни реформи согласно извештаите на Прибе и на Европската комисија и да овозможиме евро-атлантски перспективи и за Македонија и за нашите граѓани“, рече Заев на средбата со Река./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Македонија
Џафери на средба со Кахраман: Македонија очекува засилена поддршка од Турција за членство во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ја почна официјалната посета на Република Турција со посета на Мавзолејот на Ататурк, каде штто положи венец и се потпиша во Златната книга. Во продолжение, Џафери оствари средба со домаќинот, Исмаил Кахраман, претседател на Големото национално собрание на Турција, по што беше одржана билатерална средба на ниво на парламентарни делегации и со истата претседаваа претседателите на двата парламента.
Како што информираат од одделението за односи со јавност на Собранието, Џафери на почетокот од средбата изразил задоволство од реализирањето на официјалната посета, како и од интензитетот на политичката соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, односно бројните средби на највисоко ниво. Истовремено, тој се заблагодарил за доследната и конструктивна поддршка на Турција и за солидарноста со Македонија во рамките на евро-атлантските интеграции, особено за силната поддршка за членството на Република Македонија во НАТО. Претседателот на Собранието нагласил дека очекува уште позасилена поддршка од Турција за добивање на заслужената покана за членство во НАТО на претстојниот Самит на Алијансата во јули годинава во Брисел.
Претседателот на турското собрание, Исмаил Кахраман, изразил надеж за понатамошно продлабочување на одличните односи и соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Големото национално собрание на Турција. Тој се заблагодарил на конструктивната улога на македонскиот парламент во рамките на Парламентарното собрание на процесот за соработка во Југоисточна Европа, односно предлогот за компромисно решение, со цел за надминување на долгогодишниот застој за изнаоѓање решение за седиште на Секретаријатот на ова парламетарно собрание. Истовремено, Кахраман дал поддршка на реформските процеси и добрососедските политики што ги води Република Македонија.
На средбата се размениле мислења за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција, при што било оценето дека севкупните односи меѓу двете земји се карактеризираат со дух на традиционално пријателство, меѓусебно разбирање, толеранција, активна соработка и партнерство.
Соговорниците истакнале дека интензивните и добри политички односи отвораат простор за уште поинтензивна економска соработка. Констатирале дека потребно е проблабочување и на успешната соработка меѓу двете земји во полето на одбраната, внатрешните работи, културата, правдата, земјоделството, шумарството и водостопанството, локалната самоуправа, здравството, спортот, животната средина, трудот и социјалната политика и сл.
Инаку, Џафери во посетата на Турција е во придружба на пратениците: Весел Мемеди, потпретседател на Собранието, Енес Ибрахим, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција и Јусуф Хасани, член на Пратеничката група за соработка.
Македонија
Груби: Вратата кон ЕУ за Македонија е Софија

Вратата кон Европската Унија за Македонија е Софија, изјави претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во Софија.
„Захариева констатира дека чекорите што двете земји ги презедоа со потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка како историски чин, внесуваат нов дух на отворени и пријателски односи, засновани на европските вредности. Истакна дека денешната официјална посета на Република Бугарија ја гледа како заедничка определба на двете држави уште повеќе да ги зајакнат комуникацијата, соработката и пријателството и ќе дадат дополнителни позитивни ефекти во развојот на односите меѓу двете држави“, се вели во соопштението од Комисијата за европски прашања.
Груби посочил дека во Софија доаѓа со очекувани и заслужени убави вести од Брисел за Македонија непосредно по добивањето чиста препорака за почнување преговори со Европската Унија. Во тој контекст Груби додал дека добивањето чиста препорака претставува потврда за храбро сработеното, потврда дека реформската Влада и новото парламентарно мнозинство ја вратија земјата на евро-атлантскиот пат.
„Груби до Захариева изрази благодарност за преземената иницијатива и демонстрираната заложба на Република Бугарија како прв и непосреден сосед на Република Македонија директно да ги помогне европските и евро-атлантските интегративни процеси, кои претставуваат наш највисок приоритет оценувајќи дека заедно ќе ја направиме 2018 година историска и извонредна година за Република Македонија, за регионот и за ЕУ“, се вели во соопштението.
На крајот од средбата било заклучено дека Македонија и Бугарија ќе продолжат да соработуваат и дека нашата земја ќе добива несебична поддршка од Бугарија до полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Македонија
Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да се продлабочат реформите и сите да работат посветено за во јуни да има позитивни вести во Македонија.
„Се вративте на патот и ова е местото на кое треба да бидете – назад на патот кон Европа, со јасна неусловена препорака за почеток на преговорите за влез во нашата Унија“, рече Могерини.
Според неа, чистата препорака е резултат на напорите на Владата и соработката на опозицијата во реформскиот процес. „Владата има одговорност да ѝ отвори простор на опозицијата за целосна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата работа. Имате обврска да ги идентификувате нацоналните интереси и приоритети, да соработувате со институциите за да постигнете резултати“, им рече Могерини на пратениците.
Во јуни ќе се одржи самит на Европската Унија. И премиерот Зоран Заев очекува тогаш Македонија да добие датум за почеток на преговорите.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news1 месец
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news1 месец
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news1 месец
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“