Контакт

Надворешна политика

Заниер: Време е да се стави крај на политичката пат-позиција

Објавено пред

 

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер изрази загриженост за последните случувања во земјата, по завршувањето на денешната посета, повикувајќи ги политичките лидери да ѝ стават крај на продолжената политичка криза во интерес на сите граѓани.

 

„Надминувањето на политичката пат-позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет. Клучот за решението лежи во рацете на политичките актери кои треба да се справат со предизвикот и да ја решат кризата за доброто на сите граѓани“, рече Заниер. Тој забележа дека резултатите од декемвриските избори во 2016 година овозможија  солидна основа за формирање влада и го повика Собранието да започне со работа, согласно демократските принципи и владеењето на правото.

 

Заниер ги осуди неодамнешните провокативни пораки и инциденти кои би можеле да доведат до влошување на меѓуетничките односи и нагласи дека Охридскиот рамковен договор (ОРД) е од клучна важност за заштитата и унапредувањето на правата на заедниците.

 

„Ги охрабрувам сите релевантни страни на ОРД да останат посветени на неговата имплементација. ОБСЕ, нејзините институции и Мисијата во Скопје ќе продолжат да се залагаат за мултиетничко и демократско општество и да обезбедуваат помош во областите како што се владеење на правото, избори, демократско владеење и реформа на полицијата. Ги охрабруваме сите актери целосно да ја искористат оваа експертиза“, рече Заниер.

 

Утврдувајќи дека е постигнат напредок преку имплементацијата на Договорот од Пржино, Заниер забележа дека враќањето на довербата во институциите е од особена важност.

 

На средбата со претставниците на организациите со граѓанското општество, тој ја нагласи нивната важна улога во промовирањето на демократското општество и изрази загриженост поради извештаите за притисоци.

 

Во текот на посетата Заниер се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, лидерите на политичките партии ВМРO-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Движењето БЕСА, Алијансата за Албанците и ДПА, како и со претставниците на меѓународната заедница./крај/мф

 

 

 

Најново

Спорт11 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија15 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија18 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт24 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија26 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет48 минути

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...

Uncategorized53 минути

Скандал на свадба: Младоженецот цела вечер ѝ се враќал на бившата, невестата не издржала

Свадбената веселба во околината на Лазаревац започнала токму како што замислувале младенците – со музика, многу гости, честитки, насмевки и...

Свет1 час

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа...

Uncategorized1 час

Пензионерите повторно креваат глас: „Не може едни да добијат покачување од 3.000, а други само од 600 денари“

Барањето за линеарно зголемување на пензиите повторно го отвораат пензионерите, кои побараа од министерот за социјална политика, демографија и млади,...