Контакт

Надворешна политика

Иванов-Алијев: Подготвеност за поголема економска соработка меѓу Македонија и Азербејџан

Објавено пред

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвртокот во Баку, оствари средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, со кого разговараа за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Азербејџан. Заедничка констатација на претседателот Иванов и на претседателот Алијев, беше дека односите меѓу двете држави кои ги карактеризира пријателство, континуиран дијалог и разбирање е потребно да се прошират во конкретни области од заеднички интерес.

 

Во тој контекст македонскиот претседател изрази очекување за унапредување на економската соработка и зголемување на обемот на трговската размена меѓу двете земји, преку потенцијалните можности кои ги нуди Република Македонија за реализација на странски инвестиции. Нашата држава, истакна македонскиот претседател стои на располагање за иницирање на директни азербејџански инвестиции во македонското стопанство, преку гасоводни и енергетски проекти, проекти од областа на земјоделството и туризмот. За таа цел, нагласи претседателот Иванов, е  потребно и интензивирање на контактите меѓу бизнис заедниците од двете држави.

 

Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев  ја прифати поканата од претседателот Иванов за посета на Република Македонија, веднаш по надминувањето на политичката криза во земјава. Притоа го истакна интересот за инвестирање во Република Македонија во проекти за гасификација на земјата и упати покана за приклучување на Македонија кон азербејџанските гасоводни проекти кон кои веќе се приклучени балканските држави.

 

На средбата беа разменети информации и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа и во Каспискиот регион, како и за актуелностите во врска со мигрантската и бегалската криза, и беше нагласена неопходноста за продолжување и интензивирање на соработката на безбедносен план, и за продолжување на соработката и меѓусебната поддршка на мултилатерален план.

 

Иванов го запозна Алијев и за предизвиците со кои се соочуваат македонските компании од фармацевтскиот сектор во соработката со Азербејџан, и апелираше да се разгледаат можностите за надминување на истите.

 

Иванов во Азербејџан учествува на 5.Глобален Баку Форум каде се обрати на претседателската сесија на тема „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“. На глобалниот форум учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати, голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори, како и претставници на Програмата за млади лидери на Глобалниот форум./крај/мф/бс

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника10 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...

Спорт11 часа

Невремето ги наруши подготовките за финалето: На Шпанија ѝ го откажаа, на Аргентина ѝ го одложија тренингот

Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот...

Црна хроника11 часа

Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила....

Црна хроника12 часа

Сопружници од Штип осомничени за напад врз полицаец

Триесет и двегодишен маж е уапсен во Штип откако, според МВР, заедно со својата сопруга физички нападнал полициски службеник додека...

Македонија12 часа

Пановски за состојбата во Гостивар: Епа браво, 30 отсто од градот е болен, а нема епидемија

Микробиологот Никола Пановски реагира на известувањето дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди...