Контакт

Надворешна политика

Иванов за „Magyar Hírlap“: Нови предвремени избори се можен излез од кризата

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Партиите треба да го бараат решението преку одговорно однесување, а во согласност со Уставот на Република Македонија. Ниту едно решение не смее да го поткопа унитарниот карактер на државата и мора да биде во насока на заштита на државните интереси на Република Македонија. Се разбира, можно решение за надминување на ситуацијата се и нови предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во интервју за еден од најпрестижните и најтиражните унгарски весници  „Magyar Hírlap“.

 

„Лидерот на втората партија според бројот на освоени мандати СДСМ наместо во рок од 10 дена, ме извести по 27 дена дека има обезбедено мнозинство во Собранието со поддршка на ситепартии на етничките Албанци. Од него побарав јавно и јасно да ја отфрли и осуди оваа платформа. Го потсетив дека македонските граѓани на изборите гласаа за реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава. Таквата јавна осуда, за жал, изостана. Оттаму, како Претседател на Република Македонија, порачав дека нема да определам мандат за секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста“, вели Иванов  во интервјуто, на прашањето за можен излез од политичката криза во Македонија.

 

На прашањето како ги оценува заканите од албанските настојувања во Македонија, претседателот Иванов изјави дека дел од барањата на партиите од албанскиот политички блок, се во судир со Уставот на Република Македонија и не соодветствуваат со реалната состојба во Република Македонија.

 

„Дел од барањата содржани во оваа платформа зависат од статистиката и реалноста на терен, а во Република Македонија 14 години не е спроведен пописна населението. Без нов попис, не може да се бараат права што зависат од статистиката“, вели Иванов во интервјуто, посочувајќи дека главната причина за продлабочување на кризата е Тиранската платформа, која стана услов за формирање на Влада.

 

„Како Претседател не можам и нема да дозволам тргување со Уставот и државните интереси на Македонија и поигрување со чувствата на македонските граѓани“, истакна Иванов во интервјуто за „Magyar Hírlap“.

 

„По објавувањето на Тиранската платформа бевме сведоци на радикална реторика и изјави од високи државни функционери на Албанија и Косово, кои не соодветствуваат со сегашноста и со 21-от век, туку со  реториката од некои минати времиња. Од овие причини, неколку пати повикав меѓународната заедница јавно да ја осуди Платформата од Тирана, бидејќи  оваа платформа ја дестабилизира политичката состојба и ги зголемува меѓуетничките тензии во земјата“, вели Иванов, посочувајќи дека  мешање во внатрешните работи на Република Македонија е поттик за реализирање на големо националистички идеи и претставува негативен пример и преседан, не само на Балканот, туку и пошироко.

 

Иванов во интервјуто се заблагодари на  унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, кој меѓу првите покрена иницијатива со барање до Советот на ЕУ да  ја отфрли Платформата од Тирана и да се осуди мешањето на странски премиер во внатрешните работи на Македонија.

 

Со оглед на мултиетничката структура на државите од Балканскиот регион и случувањата од блиското минато, Иванов порача дека неопходно е политичките лидери да внимаваат на реториката.

 

„Република Македонија отсекогаш вложувала во унапредување на добрососедските односи. Албанија и Косово се наши пријатели и затоа е се потребни конкретни и заемни чекори во унапредување на меѓусебната доверба“, вели Иванов, додавајќи дека во Република Македонија и претходно имало обиди за предизвикување на меѓуетнички тензии, но граѓаните знаат да препознаат што е манипулација, а што е нивен интерес.

 

Иванов во интервјуто за „Magyar Hírlap“  говори и за улогата на Македонија во справување со мигрантската криза, како и за претстојните предизвици со кои се соочува државата во пресрет на најавите за втор мигрантски бран.

 

„Ние се соочивме со парадокс, Македонија која не е членка на Европската Унија ја чува Европа од Европската Унија. Република Македонија е во Европа, но не е членка на ЕУ. Не сме членка ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната, а сепак ја штитиме Европа од членка на ЕУ, која не успеа да ја контролира бегалската криза, туку едноставно ги пренасочуваше бегалците“, вели Иванов во интервјуто.

 

Иванов додава дека мигрантската криза ги мултиплицира безбедносните ризици и ги загрозува добрососедските односи. – Не смее да се дозволи слободно движење на мигрантите и контакт со домашно население во подрачја каде има присуство на верски радикализам и повратници од конфликтните подрачја, вели претседателот на Република Македонија во интервјуто за унагарскиот весник.

 

Иванов вели дека во услови на длабока внатрешно-политичка криза, со мигрантската и бегалска криза се справуваме поуспешно од многу европски држави коишто беа изненадени и не се снајдоа најдобро.

 

„Надлежните институции во Македонија и субјектите на кризниот менаџмент секојдневно ги следат состојбите поврзани со мигрантската криза, настаните околу договорот меѓу ЕУ и Турција, како и состојбите во соседните држави. Секојдневно се обезбедуваат информации  со цел  превенирање на евентуален втор миграциски бран“, додава македонскиот претседател.

 

Интервјуто со македонскиот претседател беше објавено на насловната страница на најпрестижниот унгарски весник, а Иванов во понеделник престојува во работна посета на Унгарија, каде во Будимпешта ќе оствари средби со претседателот на Унгарија, Јанош Адер, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и со претседателот на Парламентот на Унгарија, Ласло Ковер./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија11 часа

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија13 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија15 часа

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија16 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава16 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Свет19 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет20 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија1 ден

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ1 ден

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија2 дена

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија2 дена

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ2 дена

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ2 дена

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет2 дена

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија2 дена

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 дена

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 дена

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...