Контакт

Надворешна политика

Иванов-Нишани: Потребна е воздржаност и нормализирање на билатералните односи

Објавено пред

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвртокот во Баку оствари билатерална средба со претседателот на Албанија, Бујар Нишани, со кого разговараа за односите меѓу двете земји во контекст на актуелната политичка состојба во Македонија, како и во контекст на состојбите и предизвиците во регионот.

 

Иванов во разговорите со претседателот Нишани, го реафирмираше ставот дека начинот на кој се донесе пост-изборната платформа на партиите од албанскиот политички блок и изјавите кои следеа од страна на високи функционери на Република Албанија претставуваат мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

 

„Ваквото мешање во внатрешните работи на Република Македонија е поттик за реализирање на големо националистички идеи, тензии и претставува негативен пример не само на Балканот, туку и пошироко. Потребно е намалување на тензиите во регионот и внимателна реторика“, порача Иванов на средбата со Нишани.

 

Македонскиот претседател посочи дека Албанија е пријател и ќе остане пријател на Република Македонија и за таа цел потребни се натамошни конкретни взаемни чекори за нормализирање и унапредување на билатералните односи.

 

„Македонското национално малцинство во Република Албанија и албанската етничка заедница во Република Македонија  треба да бидат фактори на зближување и збогатување на соработката, а не извор на тензичност“, истакна на средбата Иванов. Во таа насока, македонскиот претседател изрази уверување дека само со дијалог можат да се бараат решенија и да се надминуваат разликите за одредени прашања.

 

Двајцата претседатели се согласија дека е неопходна воздржаност, преземање на взаемни чекори за зголемување на меѓусебната доверба и фокусирање на заедничките приоритети, кои подразбираат добрососедски односи,  унапредување на регионалната соработка и фокусирање на проекти што ќе го унапредат и подобрат животот на граѓаните на двете земји.

 

Средбата на двајцата претседатели беше реализирана на маргините на 5. Глобален Баку форум на тема „Иднината на меѓународните односи:моќ и интереси“, на кој учествува Иванов./крај/мф/бс

 

Најново

Спорт4 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт4 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт4 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт5 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт5 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт5 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт6 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт7 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника9 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...