Надворешна политика
Иванов: Со одлуката за помилување ги скршив црните сценарија против Македонија

Со одлуката за помилување ги скршив црните сценарија насочени против Македонија, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање, осврнувајќи се на неговата одлука од 12-ти април.
Одлуката, посочи македонскиот претседател, ја донел во ситуација кога Република Македонија веќе имаше прогласено кризна состојба, поради мигранската и бегалска криза, но и во момент кога, според претседателот Иванов, Специјалното јавно обвинителство станало селективно и поларизирано и кое наместо инструмент за правда, се свело на инструмент за уцена на политичките противници.
„Сето ова што ни се случуваше неминовно водеше кон граѓански конфликт. Во такви сложени услови, како Претседател на Република Македонија бев единствената институција со легитимитет и овластувања да носи одлуки. И, наместо да бидам пасивен набљудувач на отворен судир, понудив решение за кризата. Понудив помирување преку помилување на сите кои на еден или друг начин се вклучени во политичката криза“, рече Иванов.
„Еден ден, кога ќе бидат декласифицирани сите документи, граѓаните ќе имаат целосен увид во состојбата поради која ја превзедов таа мерка. Но, ќе кажам само дека во состојба во која беше доведена во прашање иднината на државата, помилувањето беше единствениот мирен начин да се замрзнат непријателските намери меѓу спротивставените страни и да се избегне анархија“, рече претседателот Иванов, додавајќи дека оваа одлука претрпел многу критики и обвинувања.
„Ме обвинуваа дека со одлуката за помилувањата сум ги прекршил Уставот и законите. Но, не само што со одлуката не ги прекршив Уставот и Законите, туку ги скршив црните сценарија насочени против Македонија. Ме обвинуваа дека сум го помилувал криминалот во Македонија. Но, помилувањата воопшто не вклучуваа запирање на постапката за конфискација на нелегално стекнат имот. Ако некој крадел, ќе мора да го врати украденото и да плати за стореното. Владеењето на правото подразбира дека сите луѓе, почнувајќи од мене, независно од нивната етничка, религиска, политичка и социјална припадност, независно дали се на власт или во опозиција, се еднакви пред словото на законот. За такво владеење на правото се залагам. За тоа и го потпишав законот за формирање на СЈО. Бидејќи, без сузбивање на криминалот и корупцијата, не можеме да градиме иднина за Република Македонија“, рече претседателот Иванов во годишното обраќање.
„Сепак, таквиот начин на решавањето на политичката криза не беше прифатено од дел од јавноста и штом се создадоа законски услови за тоа, ги повлеков дадените помилувања“, рече македонскиот претседател во своето годишно обраќање, одржано денеска во Вила Водно./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ковачевски- Мецола: Силна поддршка од Европскиот парламент за продолжување на европскиот пат на Македонија

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на маргините од вториот Самит на Европската политичка заедница кој се одржува во Кишињев, Молдавија.
Фокус на разговорите беше ставен на евроинтеграцискиот процес на земјава, при што претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола изрази силна поддршка Северна Македонија да продолжи по европскиот пат.
„Двајцата се согласија дека улогата на Собранието на Македонија е клучна и дека одлуката која треба наредниот период да се донесе, е тешка, но државничка одлука. Таа одлука е крајно обврска на секој пратеник поединечно, и на Собранието како законодавен дом во кој директно се претставени граѓаните, кои сакаат европска иднина и сакаат да живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, во Северна Македонија.
Тоа не може да е одлука на еден човек, една влада или една партија и токму затоа и премиерот Ковачевски и ПЕП Мецола ја потенцираа важноста на овој процес и апелираа до Собранието да ја донесе вистинската одлука која ќе овозможи просперитет и европска иднина за граѓаните на Северна Македонија“ се вели во владиното соопштение.
Во овој контекст беше истакната и посветеноста на пратениците на Европскиот парламент за напредокот на земјата во процесот на пристапување во членството во ЕУ.
Македонија
(Видео) Ковачевски се сретна со премиерот на Молдавија: Единствено целосно обединета Европа ќе овозможи безбедна и стабилна иднина за целиот континент

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на маргините од вториот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија се сретна со премиерот на Молдавија, Дорин Речан.
Во фокус на разговорот беа повеќе теми, меѓу кои билатералната соработка, евроинтеграциските цели на двете земји, како и безбедносните предизвици во Европа.
Премиерот Ковачевски потенцира дека Молдавија и Македонија делат ист стратешки надворешно-политички приоритет – членство во ЕУ. Притоа, упати честитки за стекнатиот кандидатски статус на Молдавија во ЕУ, доделен минатата година.
Двајцата премиери го истакнаа значењето на евроинтеграцискиот процес во функција на зацврстување на мирот, стабилноста и просперитетот на целиот европски континент.
Притоа, премиерот Речан истакна дека Република Северна Македонија го заслужува своето место во Европската Унија, што на земјата секако ќе и донесе подобра иднина.
Воедно тој потенцираше дека како земја користат искуство на Северна Македонија, во успешно водење политики, како за визната либерализација со ЕУ.
Македонија
Ковачевски – Зеленски: Поддршката за Украина продолжува, обезбедивме и ќе продолжиме со поддршка во секоја форма

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, имаше заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Ковачевски беше придружуван од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи а средбата се одржа на маргините на вториот самит на Европската политичка заедница во Кишинев.
Тој ја истакна силната поддршка што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина од почетокот на воената агресија од Русија врз Украина во февруари минатата година. „Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија што Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма што на Украина ѝ е потребна“, истакна, меѓу другото, премиерот Ковачевски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се заблагодари за поддршката што украинскиот народ ја добива од Северна Македонија и истакна дека таа доаѓа во клучни моменти. „Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа“.
Премиерот Ковачевски потсети дека Северна Македонија е дел од основачката група за формирање посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што јасно се позициониравме и овој пат на вистинската страна на историјата. Украина е меѓу приоритетите при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, воедно Северна Македонија ја подржува евро-атлантската интеграција на Украина и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО.