Контакт

Надворешна политика

Конгресменот Смит за РСЕ потврдува дека се вознемирени од доставените информации за наводни активности на амбасадата на САД во Скопје

Објавено пред

Свиркачот од Македонија ни обезбеди некои вознемирувачки информации дека амбасадата во Скопје поддржувала крајно левичарски веб сајтови и невладини организации кои заземале страна на изборите и затоа тие обвинувања треба целосно да бидат истражени, вели американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит, во интервју за Радио Слободна Европа во кое додава дека има поплаки и од други држави земји, но го шокира сознанието дека инфромациите ги добиваат преку WikiLeaks.

dobivaj vesti na viber

Американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека побарал Конгресот да ја истражи улогата на американската амбсада во земјава предводена од амбасадорот Џес Бејли, откако кредибилен извор од Македонија му предочил оти амбасадата поддржувала левичарски медиуми и невладини организации кои, според него, заземале страна на изминативе избори. „Ако немало проблем, јас ќе речам алелуја, но тоа мора да биде истражено“, вели тој.

Смит неодамна побара истрага во Конгресот за политизирањето на улогата на американската амбасада во Скопје и на амбасадорот Џес Бејли. На прашањето дали САД треба да продолжат со поддршката за работата на СЈО, тој вели дека истрагата за наводни злоупотреби треба да биде агресивна и без агенда.

„Мислам дека односите меѓу двете земји се одлични и дека секогаш можат да бидат подобрени и што повеќе соработуваме и работиме врз подрачјата од заемен интерес, тоа е подобро. Бев во Македонија на двапати. Првпат бев во Стенковец кога имаше многубројни бегалци од соседно Косово, а бев и во Скопје со висока делегација. Знаете, јас работам врз проблематиката на трговија со луѓе и со македонските лидери. Јас сум автор на американски закони за борба против ова модерно ропство. Секогаш треба да гледаме како да ги подобриме и засилиме односите, иако мислам дека имаме многу блиски односи и тоа е многу важно“, вели Смит за односите меѓу двете Македонија и САД.

На прашањето како се информира за состојбите во земјата, Смит вели дека „има многу извори“. „Секако, јас разговарам со луѓето во американскиот Стејт департмент, зборувам со невладини организации кои ја следат состојбата со слободата на медиумите, читам различни извештаи и од Associated Press. Се обидувам да сум информиран во секоја смисла. Јас, исто така, сум шеф на американската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ и се обидувам најдобро што можам, јас и моите колеги да бидеме информирани. Секако, има многу земји во светот, но ние се обидуваме да останеме што е можно подобро информирани. Очигледно заедничката одбрана е една од најголемите подрачја на загриженост и ние се обидуваме да бидеме добро запознаени“, додава.

Вие испративте прашања до Амбасадата на САД во Скопје по повод обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека амбасадорот Џес Бејли заземал страна во македонската криза. Дали имате различен став од оној на Стејт департменот во врска со ова беше прашан, меѓу другото, Смит
„Јас испратив писмо на 17-ти јануари, попишано од уште петмина мои колеги и ние сè уште немаме добиено одговор од Стејт департментот. Немаме одговори на прашањата што ги поставивме, а ние гледаме вознемирувачки информации кои сугерираат дека САД и посебно амбасадорот Бејли заземаат страна и тоа би било погрешно. Знаете, една работа е да притискате, а една од работите со кои Хелсиншката комисија и ОБСЕ се гордеат е да се осигураат слободни и фер избори кога се случуваат, но никогаш не заземаме страна. Станува збор за американски пари и американски фондови, а ние имаме кредибилен извор кој ни вели дека имало застранување и еднострана поддршка на крајно леви медиумски групи и веб сајтови. И тоа е тоа што го прашав Џес Бејли. Сакаме одговори и ги сакаме сега. Факт е дека чекаме две недели. Ние имаме уставна одговорност во Конгресот да се осигураме дека секој долар од американските даночни фондови се троши правилно, целосно транспарентно и без скриени игри и фактот дека немаме одговор повеќе од две недели е вознемирувачки. И сè додека ова не излезе во медиумите, немаше интерес да ни се одговори и јас сум многу загрижен за тоа. Ние сакаме верификација и да знаеме што навистина се случува на теренот, бидејќи тоа не е начин на кој треба да се трошат американските пари.

Конгремсенот беше запрашан и дека од американската амбасада имаше најава дека ќе ви биде одговорено, на што одговора: „Да, но нема и сè уште немаме одговор и јас верувам дека треба да дојдеме до точката за истрага од ОИГ (Канцеларија на Генералниот инспектор) дека ова предолго трае и дека има многу дезинформации ширени од Стејт департментот во многу земји во изминативе неколку години. Иронично е, додека WikiLeaks не излезе со нивни информации, ние разбравме за тоа што всушност некои наши мисии прават. И јас мислам дека тоа е шокантно, а ние мораме да обезбедиме отвореност. Имам поплаки и од други земји и нив ќе ги следиме исто така. Македонија е една од многуте земји, но свиркачот ни обезбеди некои информации кои, според мене, се многу вознемирувачки лоши и затоа треба целосно да бидат истражени. Не треба да се прикријат за да дојдеме до крајната цел, а тоа е во Македонија да има слободни и фер избори и независни и големи медиуми. Јас за ова сум напишал закони и амандмани за слободата на печатот. Сум работел со новинарски организации и невладин сектор кој се занимава со тоа. Но, идејата е да не се биде на една или на друга страна на изборите, бидејќи тоа не е етички за американската надворешна политика“, појаснува Смит.

Мислам дека истрагата за наводни злоупотреби треба да биде агресивна. Треба да има гаранции дека нема план или дека сè се прави без некој вид агенда. Јас секако поддржувам разумна, но мора да биде и агресивна истрага против криминал и злоупотреби. Мојата загриженост и фокус, за што мислев дека повеќе ќе зборуваме, е загриженоста која ми беше мене изразена, а ја видовме насекаде, дека амбасадорот Бејли поддржувал невладин сектор кој заземал страна на изборите и со политички партии. Тоа САД не треба да го прават. Факт е дека некој во Стејт департментот рекол дека амбасадорот Бејли ужива целосна поддршка. Добро, сега истражувајте. И искрено, ако испадне дека нема ништо од овие обвинувања, тоа ќе биде фантастично и јас ќе го поздравам тоа. Но, јас имам случаи во минатото кога сум бил принуден да одам до ОИГ за да дојдам до вистината преку истрага, бидејќи спинот што се прави од прес-канцелариите е погрешно наведување и не е фактографски. Затоа постојат канцелариите на ОИГ и ГЕО (Канцеларијата за владина одговорност)./крај.рсе/мф

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет5 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет6 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет8 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет9 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет9 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет10 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет10 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет10 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија11 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет11 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет11 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет14 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија15 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет16 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет20 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет21 час

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија22 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет22 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет24 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...