Контакт

Надворешна политика

Коцијанчич за Макфакс: На СЈО мора да му се дадат услови и време да ја заврши својата работа

Објавено пред

 

На Специјалното јавно обвинителство (СЈО) мора да му се обезбедат услови и време за да ја заврши својата важна работа, изјави во понеделникот портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич за Макфакс, додавајќи дека ова тело е важен дел од Пржинскиот договор.

 

„Специјалното јавно обвинителство е важен дел од Пржинскиот договор и мора да му се дадат услови и време неопходни за тоа да ја заврши својата важна работа“, изјави Коцијанчич за Макфакс.

 

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски претходно во интервју за „Дневник“, пак, порача дека неговата партија нема да даде поддршка за продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство поради тоа што, како што вели „очигледно е дека СЈО работи под сугестија на некои амбасади и дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија“.

 

Коцијачич додава дека ЕУ сега се надева на брзо формирање на нова широка влада и на нејзината програма, како и дека „имплементацијата на Пржинскиот договор и Итните рефорски приоритети се од огромно значење“.

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски во понеделникот од страна на претседателот Ѓорге Иванов го доби мандатот за состав на нова влада и сега има рок од 20 дена за до Собранието да поднесе програма и предлог-состав на владата. На предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 11-ти декември минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички мандат, СДСМ – 49, ДУИ – 10, Движењето Беса 5, и Алијансата за Албанците и ДПА освоија по два мандати./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 минути

(Видео) Поскапеа и зеленчукот и овошјето, а мерки нема, рече портпаролката на СДСМ, Кузеска

Портпаролката на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Богданка Кузеска, оцени дека економијата бележи пад и дека граѓаните се соочуваат со...

Свет39 минути

Трамп вчера изјави дека Иран никогаш повеќе нема да го затвори Ормускиот теснец

Се чека реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако Иран повторно го затвори Ормсукиот теснец, кусо по отворањето. Трамп...

Македонија42 минути

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност

Во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати...

Свет1 час

Иран отвори шест аеродроми

Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите. Според информациите, шест...

Спорт1 час

Ниту еден европски клуб не е заинтересиран за Винисиус

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид сè уште не постигнале договор, а како што стојат работите, на неговите менаџери нема да...

Спорт2 часа

Локатели го продолжи договорот со Јувентус

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино. Локатели е...

Свет2 часа

Иран повторно воведе ограничувања на Ормускиот теснец

Иран брзо се откажа од одлуката за повторно отворање на Ормуски теснец, воведедувајќи нови ограничувања на овој клучен поморски правец,...

Забава2 часа

Финансиски пресврт до лето: три хороскопски знаци ќе се ослободат од долговите

Астролошките движења најавуваат подобрување на финансиската состојба за одредени знаци. Според прогнозите, Рак, Стрелец и Водолија во наредниот период би...

Свет2 часа

Руте: САД нема да го напуштат НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Алијансата, оценувајќи дека...