Контакт

Надворешна политика

Попоски: Постапивме правилно при справувањето со мигрантската криза

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денес, во просториите на Министерството за надворешни работи се обрати пред група студенти од Факултетот за безбедност во Скопје, Академијата за криминалистика и полициски студии од Белград и Факултетот за политички науки од Загреб.

dobivaj vesti na viber

Министерот Попоски говореше за улогата на Република Македонија во менаџирањето на мигрантската криза што ја зафати Европа во 2015 и 2016 година, како и за предизвиците кои произлегоа и следат од истата.

Посебно внимание посвети на прекуграничната соработка, воспоставувањето контрола на границите, обезбедувањето хуман и безбеден транзит по Балканскиот коридор и спречувањето на илегалната миграција, истакнувајќи ја улогата на Македонија како клучна во заштитата на Шенген системот.

„Имавме три предизвици во текот на мигрантската криза: односите со Грција, која не сакавме да ја оставиме на цедило, негативната медиумска кампања при контрола на границата и недостаток од усогласен настап помеѓу земјите. Од денешна дистанца, видливо е дека пристапивме правилно“, истакна Попоски.

Шефот на македонската дипломатија се обрати пред студенти од Скопје, Белград и Загреб кои учествуваат во тридневната регионална студентска конференција на тема: „Прекуграничната соработка во справувањето со заедничките безбедносни предизвици од мигрантската и бегалската криза“, во организација Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за истражување и креирање политики и Факултетот за безбедност од Скопје. /крај/со/ст

Македонија

Грковска – Дајбл: Македонија и УСАИД имаат долгогодишна и плодна соработка, која дава конкретни резултати

Објавено пред

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Џери Дајбл, со која разговараа за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерката Грковска изрази благодарност за поддршката што УСАИД ѝ ја дава на нашата земја во сите сфери, но особено во делот на дигитална трансформација на општеството, како и креирањето антикорупциски политики, проблематики на кои особено е фокусиран кабинетот на вицепремиерката Грковска.

Двете соговорнички разговараа за динамиката со која се имплементираат заедничките проекти, при што претставничката од УСАИД, Дајбл, оцени дека се отворени за унапредување на механизмите за имплементација, со цел да се обезбеди побрза реализација на проектите чија основна цел е зајакнување на капацитетите на институциите во интерес на граѓаните.

Дајбл ги поздрави редовните координативни состаноци меѓу надлежните институции за сајбер-безбедност и донаторите во оваа област, што месечно ги организира вицепремиерката Грковска, што придонесува за поефективно и покоординирано дејствување.

Двете соговорнички се договорија таква месечна координација да се организира и во делот на дигитализацијата, со што ќе се овозможи заемен координиран пристап во процесот на дигитална трансформација на општеството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски – Дир: Целосна поддршка од Македонија за Украина

Објавено пред

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со Лариса Ди, новоименуваната амбасадорка на Украина во земјата.

dobivaj vesti na viber

На состанокот е изразена благодарност за навремените и конзистентни политики на Северна Македонија на линија на надворешната политика на ЕУ во однос на ситуацијата во Украина, како и за донациите од помош за украинскиот народ.

Премиерот Ковачевски нагласи дека Република Северна Македонија најостро ја осудува руската агресија врз украинските граѓани и дава целосна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Toj изрази поддршка и за интеграциските аспирации на Украина како демократска земја која припаѓа во демократските сојузи на држави.

Заеднички е констатирано дека е неопходно Руската Федерација веднаш да ги повлече трупите од окупираните територии во Украина и да почнат мировни разговори.

Разговарано е и за последиците од војната во Украина, кои се рефлектираат со предизвици во снабдувањето со енергија и храна во целиот свет, како и за можностите за нивно надминување.

Претседателот на Владата, Ковачевски, најави дека Република Северна Македонија, како држава членка во НАТО и земја што ги почна преговорите со ЕУ, продолжува со принципиелните политики за одбрана на мирот, поставена целосно на линија на таквите надворешни политики на НАТО и на Европската Унија.

На средбата се потврдени пријателските билатерални односи помеѓу двете држави и определбата за унапредување на економската соработката во областа на енергетиката, инфраструктурата, туризмот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петровска – Мејер: Заеднички продолжуваме да го менуваме ликот на македонската армија

Објавено пред

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска се сретна со заменик-шефот на мисијата во американската амбасада, Ерик Мејер, и со новопоставениот аташе, полковникот Мајкл Тарквинто.

dobivaj vesti na viber

На средбата, како што информираат од нејзиниот кабинет, станало збор за одличната одбранбена соработка помеѓу САД и Северна Македонија, стратешки партнери и сојузници во алијансата. Петровска изразила благодарност за одлуката за поддршка на развојот на Армијата со 78 милиони долари.

„Сојузничката поддршка со 78 милиони долари значително ќе помогне во развојот на капацитетите на Армијата, во нејзината модернизација и опремување, како и во развојот на сајбер-одбраната. Заеднички го менуваме ликот на Армијата и ги зацврстуваме колективната безбедност и одбраната и за тоа сме исклучително благодарни“, вели министерката.

Заменик-шефот на мисијата, Мејер, и полковникот Тарквинто порачаа дека САД остануваат посветени на соработката со Северна Македонија, која е посветен сојузник во алијансата и активно придонесува кон безбедноста на евро-атлантската област.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Азербејџан ја гранатираше Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет52 минути

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи,...

Свет60 минути

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Ијан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор...

Свет1 час

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет1 час

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет2 часа

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион14 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа16 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет16 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија19 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион19 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија20 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија20 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија20 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија21 час

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет22 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет22 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија23 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет23 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија23 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...