Надворешна политика
Груевски: Македонија нема да биде предводена од влада која е составена во Албанија
Во интервју за хрватски Vecernji list, поранешниот премиер на Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, зборува за политичката ситуација во земјава, ткн „Тиранска платформа“, одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и низа други прашања.
Запрашан околу тоа дали коалицијата на Заев и албанските држави претставува „државен удар“, Груевски вели дека „формирањето на новата влада е од особен интерес за тирана, која ги брани интересите на Албанците во Македонија“.
„Имам јасна потврда дека албанската платформа, која ги обедини СДСМ и албанските партии, е направена во Тирана. Албанските медиуми уште кон крајот на минатата година објавија дека официјална Тирана подготвува нацрт-документ за политичките партии на Албанците во Македонија. Тој документ, кој го составил албанскиот премиер Еди Рама, според оценките на медиумите во Албанија, ги обединува интересите на сите Албанци. Како што веќе и кажавме, формирањето на новата влада во Скопје е од особен интерес за Тирана која ги „брани интересите на Албанците во Македонија“. Има ли некаде во регионот и пошироко случај во кој странски влади подготвуваат платформа која би била основа за формирање некоја идна влада во некоја друга земја? Значи, таков став имаат само во соседна Албанија, но и партиите на Албанците во Македонија, што за нас е неприфатливо“, вели Груевски.
Околу преговорите кои ВМРО-ДПМНЕ ги водеше со ДУИ за формирањето на влада непосредно по завршувањето на предвремените парламентарни избори, Груевски вели дека тие пропаднале поради тоа што „не бил изнајден заеднички јазик и не биле подготвени да прифатат се што било поставено на маса“.
„Преговорите пропаднаа поради фактот што не изнајдовме заеднички јазик и не бевме подготвени да прифатиме сè што беше поставено на маса. Нашето начело беше дека сакаме да формираме влада, но не по секоја цена. Ние немаме ништо против зголемување на правата на етничките заедници, вклучувајќи го и јазикот на Албанците во општините каде што се над 20 отсто. Но имавме сериозни забелешки во однос на елементите што Македонија би ја редефинирале од мултиетничка во бинационална држава, која би се претворила во конфедерација“, вели Груевски во интервјуто за хрватскиот весник.
Осврнувајќи се на одлуката на претседателот Иванов кој не му го додели мандатот на лидерот на опозицијата Заев, иако тој му претстави 67 пратенички потписи, Груевски вели дека станува збор за „мудра одлука во корист на македонскиот народ“.
„Одлуката на претседателот Иванов е мудра, таа е во корист на македонскиот народ и не би смеела да доведе до подлабока криза. Тоа што гледаме дека ја турка земјата во криза е прифаќањето на платформата од Тирана, како основа за формирање на идната влада. Земјата влезе во криза поради договорот меѓу СДСМ и ДУИ, кои сакаат да ја редефинираат државата и да го поткопаат македонскиот идентитет. Луѓето поради тоа имаат право да бидат вознемирени бидејќи такво нешто како што е платформата и таквите услови не беа спомнувани пред изборите. Сега граѓаните се почувствуваа измамени и изманипулирани. Заев прифати во парламентот да се донесе одлука со која македонските власти би ги осудиле Србите за геноцид над Албанците, што за нас е неприфатливо“, додава Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто исто така додава дека „сака да верува оти сонот за „голема Албанија“ е само минато и дека единственото обединување на целиот регион ќе се случи во рамките на границите на европското семејство“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.