Надворешна политика
Првиот човек на ОБСЕ Заниер на средби со Иванов и Попоски
Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер во четврток престојува во посета на земјава, за време на која ќе оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов и шефот на дипломатијата Никола Попоски, а предвидено е да се состане и со лидерите на парламентарните политички партии.
Во пресрет на посетата на Македонија, првиот човек на ОБСЕ порача дека е загрижен поради развојот на настаните во Македонија и дека „владеењето на правото мора да надвладее, бидејќи резултатите од предвремените парламентарни избори се цврста основа за формирање на влада која ќе ги застапува интересите на сите граѓани“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
