Надворешна политика
Протести пред македонската амбасада во Тирана

Во петокот пред македонската амбасада во Тирана се одржани протести против со одлуката на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов за недавање на мандатот за формирање на влада и изречените причини кои според организаторите на протестот се против Албанците, пренесуваат албанските медиуми.
Организаторите на протестите, „Клубот на млади албански патриоти“, даде поддршка на албанските политички партии во Македонија, и притоа беа извикувани паролите: „Немој да се плашите од јазикот на Мајка Тереза“, „Албанци засекогаш“, „Што е убаво што сум Албанец“ и др./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петровска од Мадрид: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вчера во рамките на Самитот на НАТО во Мадрид учествуваше на работната вечера на министрите за одбрана на НАТО на која се дискутираше на темата: “Влијанието на Хибридните закани во Западен Балкан”.
Петровска во дискусијата со останатите министри за одбрана, потенцираше дека ефективна стратешка комуникација е клучна во борбата против ваквите закани и безбедносни ризици како и дека надминувањето на ваквите предизвици се еден од приоритетите на НАТО и дел од дискусиите на Самитот.
„ Она што нам ни е потребно е зголемување на ефикасноста и квалитетот на нашите институции преку професионализација на кадрите. Исто така, ни треба образование кое ќе ги оспособува граѓаните за критичко размислување. Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани за функционирањето на едно општество кое ќе се базира на доверба, а не на раздор”, истакна Петровска.
Таа се наврати на успехот на политиката на отворени врати на Алијансата и нагласи дека истиот потребно е да се преслика и со Проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан со што ќе се зацврсти безбедноста и ќе овозможи поголем просперитет, а во спротивно, отсуството на кредибилната европска перспектива може да има повеќекратни негативни тенденции на овие простори.
Македонија
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаше средба со пратениците од Европскиот парламент, на која преку отворен и конструктивен разговор потврдија дека и покрај сите предизвици со кои се соочува Европа, Европската Унија мора да остане активна во регионот и во Северна Македонија.
„Прогрес е возможен, веруваме дека има решение, но мора и да се покажат европско лидерство и политичка волја од двете страни. Европскиот парламент може да влијае на политиката на Унијата и очекуваме поддршката што ја добиваме дека ќе се реализира на дело“, рече Маричиќ на состанокот.
Европратениците на средбата со вицепремиерот ја потврдија заложбата за проширување на Унијата со регионот и нагласија дека очекуваат да продолжи дебатата во самата ЕУ за прашањето и важноста за проширување на Унијата, за иднината на Северна Македонија и регионот во ЕУ да биде потврдена.
„Верувам дека европратениците навистина ја ценат улогата на Северна Македонија и во регионот и како билатерален партнер на Европската Унија. Одамна требаше да ги почнеме преговорите и веќе доволно време е изгубено, сега е историски момент за историски одлуки“, додаде Маричиќ.
На состанокот беше разговарано и за суштинските визии за иднината на ЕУ, како и за ставовите на европратениците за политичките случувања во Европа и во Западен Балкан.
Вицепремиерот на крајот ги потврди македонските позиции во преговорите со Бугарија и рече дека остануваме посветени на нашата европска интеграција бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните, кои го прифатија предизвикот за трансформација и европеизација на општеството.
Македонија
Петровска од Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на алијансата

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во рамките на самитот на НАТО, кој се одржува во Мадрид, беше дел од панел-дискусијата: „Придонесот на НАТО за безбедноста и стабилноста во неговото соседството“ и на оваа тема дебатира заедно со министрите за одбрана на Португалија и Бугарија, Хелена Кареирас и Драгомир Заков, и претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер.
Петровска во своето обраќање нагласи дека овој самит на НАТО е одлична можност да се испрати порака за единство на демократските земји во одбрана на демократијата и нејзините вредности и да се брани меѓународниот поредок врз основа на правила.
За време на панелот, Петровска дискутира за зајакнувањето на долгорочното одвраќање и одбрана на НАТО, а во ера на стратешки натпревар, истакна дека партнерството на НАТО и ЕУ е од суштинско значење за безбедноста и просперитетот на евро-атлантската област, при што политичкиот дијалог меѓу двете организации останува од суштинско значење за продлабочување на оваа соработка.
Осврнувајќи се на значењето на регионот на Западен Балкан, Петровска потенцира дека овој регион е важен дел за европската безбедносна архитектура, како и дека на стабилноста не смее да се гледа како на еднаш засекогаш воспоставен факт.
Додаде дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со сè поголемите надворешни влијанија, како што се хибридните закани, сајбер-нападите, информациските манипулативни кампањи, кои придонесуваат за подгревање на национализмот.
„Западен Балкан е многу важен дел за европската безбедност и затоа потребно е НАТО заедно со ЕУ и другите партнери да продолжиме на зајакнување на одбранбените системи, да ги вложиме сите напори за забрзување на реформите и да се изнајдат иновативни решенија за надминување на отворените прашања за целосна евро-атлантска интеграција на регионот. Сега повеќе од кога било евро-атлантската и ЕУ-интеграцијата на регионот потребно е да се гледаат како алатка за подобрување на безбедноста, а со самата интеграција директно ќе се придонесе и кон спречување надворешни хибридни влијанија“, потенцира Петровска.