Контакт

Надворешна политика

Јолевски: Македонија даде голем придонес во заштитата на Европа

Објавено пред

 

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски во среда учествува на заеднички состанок на министрите за одбрана и за внатрешни работи на земјите од Централно-европската одбранбена соработка и Салцбург форумот, кој се одржува во Виена, Австрија.

 

На состанокот посветен на заедничкото менаџирање на миграциските предизвици, министерот Јолевски истакна дека Република Македонија даде голем придонес во затворањето на балканската бегалска рута, а посочи и дека државните институции на Македонија реагираа соодветно, ефективно и координирано.

 

Во тој контекст тој укажа и на солидарната помош која Македонија ја доби од Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија и Србија, како земји кои распоредија свои полициски службеници на северната и јужната граница во поддршка на македонската Полиција.

 

Јолевски во обраќањето се осврна и на следните чекори кои е потребно да се преземат со цел одржување на безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко. „Ние очекуваме дека сите мерки превземени од Европската Унија, НАТО – Алијансата и државите во овој формат, ќе дадат добри резултати. Во тој контекст, од Европската Унија очекуваме интензивен ангажман и лидерство“. Министерот додаде дека договорот ЕУ-Турција мора да се почитува, дека постои потреба од унапредување на координацијата и размената на информации и податоци помеѓу земјите на т.н. „балканска рута“, а воедно и дека треба да се забрзаат интегративните процеси на земјите од регионот во ЕУ и НАТО.

 

„Предизвиците на актуелната мигрантска криза ни говорат дека средбите од овој формат треба да станат редовна пракса, со очекување истите да дадат нов импулс во зајакнувањето на соработката“, рече министерот пред министри за одбрана и за внатрешни работи на 14 земји од Европа, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Агим Нухиу.

 

На маргините на состанокот, министерот Јолевски оствари и билатерална средба со австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Доскозил./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт5 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион7 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт7 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника7 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија7 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт7 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт8 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет8 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....