Контакт

Надворешна политика

Ахмети: Дојде време вистината да излезе на виделина, правдата ќе победи

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на  ДУИ Али Ахмети во петокот оствари средба со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ , Нина Суомалаинен, со која разговараше околу постизборната ситуација во Македонија, соопштуваат од ДУИ.

 

Ахмети зборуваше за тенденциозната кампања организирана против него и против ДУИ во последните две години и рече дека дојде време вистината да излезе на виделина, за секое обвинување, за секоја клевета, за секоја неизвесност и за секоја дилема, додаваат од партијата.

 

Ахмети е решен дека правдата ќе го каже последниот збор и ќе ги отстани сите тенденциозни, злонамерни сомнежи за неговиот лик и ДУИ, правдата треба да победи, велат од ДУИ.

 

Ахмети нагласи дека сите членови на ДУИ, заедно со Претседателството, ќе се воздржат кон предефинираните принципи и ќе работат во насока на зајакнување на земјата и враќање на довербата на граѓаните во институциите на земјата бидејќи за нас ова не е борба за власт, но за да се зачува албанската национална вредност и за отстранување на сенката, којашто злонамерниците се обидуваат да ја фрлаат врз нас, порачуваат од ДУИ.

 

Ахмети ги повикува лидерите на политичките партии да се приклучат кон апелот упатен до полицијата, војската, државната администрација и на сите граѓани да работат прецизно и спокојно, во служба на безбедноста и државната стабилност, додаваат од ДУИ.

 

Ахмети исто така, ги повикува меѓународните пријатели да не останат индиферентни кон случувањата во нашата земја и да продолжиме заедно да го изградиме општеството како во изминатите 16 години, порачуваат од партијата.

 

„Ние ќе продолжиме со нашиот придонес за општествена благосостојба и патот кон евроатланската интеграција, реформите во земјата и заокружување на Охридскиот договор бидејќи овие столба ја прават земјата посилна“, заклучуваат од ДУИ./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија5 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија5 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија6 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија7 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет7 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија11 часа

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа12 часа

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет13 часа

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа13 часа

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија14 часа

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...

Европа15 часа

(Видео) Нов масовен напад: руски беспилотни летала го бомбардираат украинскиот град Суми

Руски беспилотни летала го нападнаа северниот украински град Суми доцна синоќа, што е втор голем напад врз градот за 24...

Свет15 часа

Трамп му се заканува на Мексико со царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека неправедно се однесува кон американските земјоделци и се закани дека ќе воведе...

Свет1 ден

(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“

По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел...

Македонија1 ден

Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар. „Интензивно се работи на...

Македонија1 ден

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Ја следиме трагата на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е...

Свет2 дена

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија2 дена

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...