Контакт

Надворешна политика

А1он: По нападите врз Бејли, од каде доаѓаат нарачките за „замолчување“ на шведскиот амбасадор?

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Шведскиот амбасадор Матс Стафансон деновиве е мета на провладините медиуми поради интервјуто за Макфакс во кое вели дека граѓаните во Македонија гласале за промени. Пропагандните текстови деновиве засилено пишуваат дека средбите на амбасадорите на Шведска и Холандија со СДСМ и ДУИ се „скандалозни“ и прашуваат чии стратегии бранат овие амбасадори и велат дека нивните ставови за реформите кои се наведени во изштаите на Прибе и Европската Комисија се идентични со оние на Зоран Заев, иако сите партии се согласија дека истите треба да се имплементираат.

 

Аналитичарите сметаат дека овие напади се со цел да се замолчат амбасадорите и да се цензурираат нивните активности во овој период, кога треба да се помогне за креирање на агенда на новата Влада.

 

„Бидејќи тие испратија јасни пораки што очекуваат, а тоа се впрочем и очекувањата на граѓаните кои во огромна мера гласаа за промени да се направи една агенда која ќе овозможи реформи и промени. Бидејќи амбасадорите јавно тоа го кажаа, а секако тоа не и оди во прилог на власта која инсистира на хаос и на тоа само партиските луѓе да владејат со институциите, од претседател па се до судство, мислам дека тој систем е загрозен со изјавите на амбасадорите и со сегашната ситуација на нејасно мнозинство или можноста да се формира мнозинство кое го исклучува ВМРО-ДПМНЕ. Таквата ситуација доведува до овие реакции бидејќи тие сосема неразумно ги обвинуваат амбасадорите за ситуацијата во Македонија, која се должи на неодговорното однесување на политичарите, а не последица на делувањето на било која амбасада“, рече за А1он Бојан Маричиќ од Македонски центар за европско образование.

 

Според него, нападите се примитивни и неразумни. Вели, ВМРО-ДПМНЕ сега се обидува да ги обвини сите за нивниот изборен резултат

 

„Објаснувањата кон своите луѓе пред се е дека амбасадорите се виновни за се и дека тие се виновни ако ВМРО-ДПМНЕ не успее да формира Влада. Неразумно е да се третираат амбасадорите, особено на пријателски земји на еден таков начин особено што власта не покажа капацитет да менаџира кризи, да организира преговори, да постигнува политички договори, да ги имплементира договорите и да понуди реален излез за кризата. Покажавме дека политичкиот систем не може да функционира без посредништво од меѓународната заедница. После целиот сет на преговори, сега по избори тие да кажат веќе не дозволуваме странско присуство е надвор од умот“, истакна Маричиќ.

 

Тој вели дека бидејќи постапките на Ѓорге Иванов покажуваат дека тој и Никола Груевски не се во состојба да ја решат кризата, тие немаат право да ја критикуваат меѓународната заедница.

 

„Тие луѓе кои ја критикуваат меѓународната заедница имаат најмалку право за тоа, бидејќи нивното однесување доведе до потребата меѓународните фактори да се вмешаат во внатрешните работи и да организираат преговори со кои ќе ги доведат политичките актери до некакво решение за кризата. Меѓунардоната заедница има посеба одговорност за стабилноста и напредокот во Македонија“, рече за А1он Маричиќ.

 

Оркестрираните напади кон амбасадорите почнаа со прогласот на Никола Груевски пред насобраните приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ. Провладините медиуми со месеци шират пропаганда против Бејли, а деновиве најгласно се зборува против амбасадорите на Шведска и Холандија. Иако тие ги напаѓаат амбасадорите, се чини дека забораваат оти за секоја нивна изјава, тие најпрво се консултираат со матичната земја и изјавите не се нивни ставови. На социјалните мрежи излегоа и некролози од речиси сите амбасадори, но по реакциите на меѓународната заедница, истите беа повлечени./крај/мф

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет1 час

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет2 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет2 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет3 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија20 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија22 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија22 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија22 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија23 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ2 дена

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија2 дена

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...