Контакт

Надворешна политика

ЕК: Широк политички консензус околу интеграцијата во ЕУ

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Од Европската комисија во средата излегоа со дообјаснување и појаснување на изјавата на еврокомесарот за пристапни преговори и соседска политика Јоханес Хан во говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), каде изјави дека за иднината на Македонија е потребен „широк политички консензус“, пренесува МИА.

 

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич во средата дообјасни дека Хан не барал создавање на широка владина коалиција, туку на „коалиција околу стратешките цели на Република Македонија“, што пред се е интеграција во Унијата.

 

„Комесарот Хан мислеше на потребата да се има широк политички консензус и широка коалиција за земјата да може ефикасно да се справи со многуте предизвици. Спроведувањето на итните реформски приоритети, договорот од Пржино и решавање на билатералните прашања бараат силна посветеност на сите политички партии“, посочи Коцијанчич.

 

„Сите главни политички партии се за реформската агенда за ЕУ и се согласуваат дека патот кон ЕУ е стратешка цел на земјата. Ако тие работат заедно кон оваа заедничка цел, тие ќе имаат де факто уставно мнозинство, што е важно на патот кон еворпската интеграција“, потенцираше Коцијанчич.

 

Од Брисел посочуваат дека се очекува набрзо да се формира Владата на Република Македонија, која ќе се посвети на сите важни прашања за државата со кои општеството брзо ќе се извлече од статс кво состојбата до која доведе две и полгодишната политичка криза./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија6 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија6 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет7 часа

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет8 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија9 часа

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет9 часа

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ10 часа

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет10 часа

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија10 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија24 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет1 ден

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија1 ден

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија1 ден

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ1 ден

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија1 ден

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија1 ден

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет1 ден

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...