Контакт

Надворешна политика

Коцијанчич: Хан ќе се сретне со претставниците на политичките партии

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Еврокомесарот за пристапни преговори и соседска политика Јоханес Хан, во четврток во Скопје ќе оствари средби со лидерите на политичките партии што освоија место во македонското Собрание, пренесува МИА.

 

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврдила дека Хан доаѓа во Македонија поради состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика од шесте балкански држави (Македонија, Косово, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора).

 

„Комесарот Јоханес Хан ќе биде во Скопје во четврток на 9-ти февруари на состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика од шесте земји на Западниот Балкан. Учесниците ќе го забележат постигнатиот напредок во енергетскиот сектор и ќе разговараат за мерки за унапредување на регионалниот пазар на електрична енергија. Исто така, ќе се разговара за подготовка на Самитот за Западен Балкан, што во јули ќе се одржи во Трст, Италија. На маргините, комесарот Хан, исто така, ќе има и билатерални разговори, меѓу кои и со претставници на сите политички партии на земјата­ домаќин“, изјавила Коцијанчич./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои...

Македонија2 часа

Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара...

Македонија2 часа

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, точно во 12.05 часот...

Македонија2 часа

(Видео) „Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата“: Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт на место и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи...

Македонија3 часа

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска...

Топ3 часа

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија6 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија7 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија9 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија9 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија9 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија9 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија17 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија19 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија21 час

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија21 час

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија22 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија22 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија24 часа

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија1 ден

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...