Контакт

Надворешна политика

Ознал:Турција и Македонија се најзначајни геостратешки земји во регионот

Објавено пред

Некриејќи го своето задоволство од земјата каде неговите родители долго време живееле, пензионираниот генерал на турското воено воздухопловство, Ердоган Ознал, во интервјуто за неделникот „Форум“ со задоволство зборува за пријателството меѓу Македонија и Турција

dobivaj vesti na viber

Неговите живееле во Дојран сè до Балканските војни по кои морале да си заминат. Дојден е во Македонија на покана на претседателот Ѓорге Иванов, меѓу другото и како автор на книгата „Македонија не е Грција“ напишана уште во 1993 г. Ние го начекавме за интервју на скопскиот аеродром, на заминување за Истанбул.„Јас бев генерал со три ѕвезди и шеф за операции на турската армија кога ја напишав книгата. Исто така, бев одговорен за националната воена историја на Турција. Некаде во 1993 г. ме повикаа во Грција на конференција. Темата беше светската воена историја, конкретно тогаш се дискутираше за Балканските војни. Грците без престан повторуваа дека Македонија отсекогаш била грчка, дека нема македонски народ итн…Тоа ме збуни и иритира бидејќи јас отсекогаш сум знаел само за Македонија. Тогаш се решив да ја напишам книгата „Македонија не е Грција“, користејќи го архивот на Отоманската империја“, генералот најмногу сакаше да зборува за историјата, но нас повеќето нè интересираше денешницата.Форум: Односите меѓу Македонија и Турција од сите аспекти се исклучително добри. Особено воените. Познато дека  најголемиот дел од елитните единици на АРМ, Единиците за специјална намена ги обучуваат турските командоси. На што се должи ваквиот квалитет на соработка?Ердоган Ознал: Да тоа е точно. Турските специјални единици имаат огромно искуство, не само во борбата со курдските бунтовници, туку и на многу други места во Кавказот, Ирак и Авганистан…Квалитетот на односите со Македонија од воен аспект се должи на тоа што оваа земја отсекогаш имала клучна геостратегиска позиција на Балканот. Ќе ви го опишам тоа со времето на Отоманската империја. Градот Битола е познат како град на конзулите, но за време на империјата многу позначаен беше како база на најсилните и најопремените единици на аскерот. И не само тоа, туку Македонија беше логистички центар на целата Отоманска војска на Балканот. Македонија отсекогаш беше третирана како срцето на Отоманската империја, највредното парче земја. Нејзиното значење не е намалено ниту денес.Но, што значи тоа за безбедноста на Турција. Дали турската армија гледа на Балканот како потенцијална безбедносна закана?- Апсолутно не. Но, за десет, дваесет години можеби односите ќе се променат. Односот на силите не е константен.

Од воен аспект, има ли Македонија значење за Турција во евентуална нова турско – грчка војна за која се зборува?-  Прво, не верувам дека ќе дојде до нова турско – грчка војна. Тука се САД кои ги балансираат односите меѓу двете земји. Овде посебно значајно е тоа што Турција, заедно со Бразил, бидејќи се две земји со сличен економски и воен развој игра витална улога на Блискиот исток. Турција денес е клучна регионална сила која со своето делување го спречува евентуалниот напад на Израел врз Иран. Инвазија врз Иран е мошне опасна не само за Блискиот исток, туку и по  безбедноста на целиот свет.Во овој контекст, колку Македонија и Турција се геостратешки значајни?- Видете, географијата на светот не изменета многу одамна. Оние правила што важеле во минатото важат и денес. Турција се наоѓа во центарот меѓу Евроазија, Блискиот исток и Африка. Оној што го контролира овој дел од светот – владее со светот. Мислам дека САД кои силно ја поддржуваат Турција во оваа насока се свесни за минатото. Отоманската империја како што знаете владееше со Блискиот исток скоро 400 години. И за сето тоа време таму имаше мир меѓу народите. Македонија како централна држава на Балканот игра важна улога во односот на силите. Ние отсекогаш сме ја сакале Македонија, не само поради заедничкото минато, туку земја полна со образовани и интелигентни луѓе. Не знам колку ви е познато, скоро целокупната интелегенција во време на Отоманската империја беше од балканските народи. Токму Турците беа најнеобразованиот народ во Отоманската империја. Турција секогаш максимално ќе ја поддржува Македонија, како најпријателска балканска земја.Единствената книга на генералот Ознал е „Македонија не е Грција“. Ја напишал за само еден месец, откако во 1993 г. им наредил на своите потчинети на прочепкаат по архивот на Отоманската империја што брои 150 милиони документи, плус уште 50 милиони документи воена историја на империјата. Книгата содржи доста работи за Македонија. Во очи ни падна пописот на населението во Македонија и Косово направен во 1904 г., каде стои дека по нарачка на генералниот инспекторат на Портата, Хусеин Хилми Паша направил попис на населението: Турци и исламизирани Арнаути (Албанци) 1.508 илјади; Македон (Македонци) 896.000; Јунци (Грци) 307.000; Срп (Срби) 100.000 и Румени (Власи) 99.000.За жал, генералот не можеше да ни каже дали имал увид и во документите од Букурешкиот мировен договор од август 1913 година. Го прашавме зошто Отоманската империја толку лесно ги изгубила Балканските војни.„Отоманската империја ги изгуби Балканските војни бидејќи политиката беше длабоко навлезена во армијата. Кога политиката ќе се сплетка меѓу војската, тогаш нема војска“, вели Ознал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија3 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија4 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија5 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија5 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија5 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија5 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија5 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија6 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија6 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија7 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа8 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет8 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет9 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет9 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет9 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија23 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија1 ден

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ1 ден

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...