Надворешна политика
Груевски детално го образложил спорот за името на Даунинг стрит 10

Премерот Никола Груевски во вторникот во Лондон се сретнал со својот домаќин британскиот премиер Дејвид Камерон, при што е разговарано за развојот на билатералните односи, за економските и политичките прилики во Македонија, како и за проблемот што го наметна Грција околу уставното име
На разговорите покрај премиерите Никола Груевски и Дејвид Камерон, присуствуваа и министрите за надворешни работи, на Велика Британија, Вилијам Хејг и на Република Македонија, Антонио Милошоски.По средбата, јмакедонскиот премиер Груевски изразил задоволство од разговорите со премиерот Камерон и од британската поддршка за мекедонските стратешки цели, информираат од Кабиентиот на претседателотна Владата на Република Македонија.Македонија со Велика Британија има одлична соработка на политички план, заедно соработува со британската страна и во Авганистан. Велика Британија секога па и сега дава силна поддршка во македонските евроатлантски аспирации, меѓу другото изјавил по средбата премиерот Груевски.„Во таа смисла разговаравме и за последните два извештаја на Европската Унија за Македонија од кои се гледа напредокот на земјата во реформските процеси и во кои се изнесени препораките за натамошно усовршување на реформите во нашата земја. Ние правиме се што е до нас на реформски план и ќе продолжиме и понатаму да работиме забрзано околу реформирањето на земјата, но блокадата од Грција го попречува позабрзаното работење на тој план“, додал Груевски.Како што изјавил премиерот Груевски, неговиот британски колега Камерон се интересирал детално за целиот спор околу името, од неговото настанување па се до она штово моемнтов се прави за негово поскоро надминување. Според премиерот Груевски, денешната средба со премиерот Камерон е доказ за поддршката што Македонија ја има во Лондон. Од британска страна, како што рекол Груевски, е покажан голем интерес за севкупната ситуација во Македонија и истакната подготвеност уште повеќе да помогнат во исполнување на македонските стратешки цели.Од кабинетот потесетуваат дека оваа средба на двајцата премиери е првата што еден претседател на влада на Македонија ја имал досега во службената резиденција на британските премиери во Даунинг стрит 10. Претходно, поранешнот премиер Владо Бучковски во 2005 г. се сретна со тогашниот британски премиер Тони Блер, пред Македонија да го добие кандидатскиот статус во ЕУ, но средбата се одржа во Брајтон.Премиерот Никола Груевски, кој е во дводневна посета на Велика Британија, во вторник денеска ќе учествува во работата на Европскиот лидерски форум што се одржува во Лондон, во рамките на Неделата посветена на бизнисот во организација на Блунберг. Тој попладне ќе има излагање на форумот при што ќе зборува за можностите за странски инвестиции во Македонија.Во текот на посетата на Велика Британија, премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација предвидено е да имаат средби и со претставници на неколкку истакнати светски компании.Груевски во понеделникот навечер во Лондон остварил средба со Македонци кои живеат и работат во Велика Британија. На коктелот што се одржал во амбасадата на Република Македонија, македонскиот премиер разговараше со луѓе од разни генерации Македонци кои живеат или престојуваат во Велика Британија, интересирајќи се за тоа што работат, со што се занимаваат и како живеат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лајчак домаќин на Димитров и Османи: Напредокот на Северна Македонија е успешна приказна и пример за регионот

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, во Брисел, имаа средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Како што информираат од владината прес-служба, соговорниците биле едногласни дека Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ, притоа истакнувајќи го напредокот на земјата како успешна европска приказна во регионот и пример за другите земји од Западен Балкан.
„Европската перспектива на Северна Македонија мора да продолжи, без разлика на предизвиците на овој пат. Тоа ќе биде потврда за одржувањето на политиката на проширување на агендата на ЕУ, но и дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните“, било посочено на средбата.
Османи и Димитров нагласиле дека Република Северна Македонија високо ја цени улогата што од страна на ЕУ му е доделена на амбасадорот Лајчак како посредник во разговорите помеѓу Србија и Косово, како и на други прашања во регионот.
„Приближувањето на ставовите на Приштина и Белград и нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе претставува огромен влог во стабилизацијата и европеизацијата на целиот регион“, истакнале македонските претставнци.
Македонија
Димитров и Османи во Брисел на средба со Борел

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Брисел се сретнаа со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Во фокус на разговорот беше иднината на политиката на проширување на ЕУ, пред сè во контекст на случувањата по усвојувањето на новата методологија и можностите кои ги нуди за динамизирање на процесот, усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија, важноста и придобивките од регионалната соработка и унапредувањето на добрососедските односи како клучни елементи за европската перспектива, како за земјата, така и за целиот регион.
Димитров и Османи го поздравија активниот ангажман на високиот претставник на ЕУ, Борел, за поддршка на европската перспектива на регионот, како и за покренатите иницијативи за обезбедување мир, стабилност и просперитет во земјите од Западниот Балкан. Во таа смисла, тие изразија особена благодарност за неговиот придонес кон усвојувањето на одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија од страна на Советот на ЕУ и потоа потврдена од Европскиот совет во март минатата година.
На средбата беше подвлечен фактот дека Северна Македонија има навистина голем број пријатели меѓу земјите членки, чии интереси за иднината на Европа се совпаѓаат со нашите – целосно интегрирање на Западниот Балкан за конечно комплетирање на Унијата.
Димитров и Османи нагласија дека Владата продолжува со реформите со цел да се задржи фокусот на реформските процеси како би се задржало позитивното досие за Северна Македонија.
Во однос на глобалните предизвици беше потенцирано дека земјите од Западниот Балкан покрај пандемијата, споделуваат заеднички предизвици со ЕУ и за миграцијата, борбата против организираниот криминал и тероризмот, борбата против дезинформации и хибридни закани, климатските промени, дигитализацијата и сл. Соговорниците се согласија дека успехот на европскиот проект зависи токму од солидарноста и сојузништвото, кои ќе значат потврда за споделените перспективи.
Од страна на ВП Борел беше поздравено високото ниво на усогласување на Северна Македонија кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Средбата на Димитров и Османи со Борел доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на Европската Унија и во таа насока соговорниците се согласија дека започнувањето на преговорите со Северна Македонија ќе придонесе за задржување на кредибилитетот на ЕУ во целиот регион.
Македонија
Заев се сретна со новиот грчки амбасадор Кундурос: Пријателството меѓу државите промовира стабилност во регионот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Русос Кундурос, новиот амбасадор на Хеленската Република, во земјава.
На состанокот е пренесена порака од Атина за продолжување на пријателството помеѓу двете држави, преку унапредувањето на соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, што се оценува дека е веќе во фаза на реализација.
Заеднички е констатирано дека Северна Македонија и Грција, преку пријателството, промовираат стабилност во целиот Западен Балкан. Изразена е поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите, по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи.
На средбата посебно е разговарано за интензивирање на економската соработка, каде, како и во енергетиката, се бележат видливи резултати.
„Низ економијата, граѓаните на двете држави почнуваат да чувствуваат директни бенефити од преспанскиот договор, како историски чекор и значајна определба на двете држави за градење добрососедски односи, инклузивна и конструктивна соработка“, рече премиерот Заев.
На средбата е посочена и важноста на соработката во областа на здравството, земјоделството, образованието, културата, социјалната заштита.
Премиерот Заев упати покана преку амбасадорот Кундурос, до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, за посета на Република Северна Македонија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот