Контакт

Надворешна политика

Груевски и Санино детално дискутираа за реформите

Објавено пред

На средбата меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Стефано Санино, покрај разгледувањето на досега завршеното во поглед на реформите се разговараше и за идните активности.

dobivaj vesti na viber

Доцна попладнето во зградата на Владата на Република Македонија, Груевски и Санино, детално дискутираа за обврските содржани во Оперативниот патоказ за реализација на Претпристапниот дијалог на високо ниво, беа разгледани реформите што досега се презедоа од страна на Владата, како и идните активности кои ќе бидат преземени во насока на заокружување на процесот, известуваат од кабинетот на премиерот Груевски.

Претходно во понеделникот директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Стефано Санино се сретна и со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, по што на прес-конференцијата во Владата изјави дека се чувствува напредок во сите пет поглавја од Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската комисија.

Беше најавено, исто така, дека е предвидено еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Фуле да го посети Скопје на 17-ти септември, во рамки на одржувањето на дијалогот./крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија3 часа

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...

Македонија4 часа

Трајановски не може да даде оставка оти е разрешен пред три месеци, велат од Град Скопје

Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што...

Македонија5 часа

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација...

Македонија5 часа

Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980...

Македонија6 часа

Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески –...

Македонија6 часа

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби. Обвинителството потврди дека...

Топ7 часа

(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ7 часа

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа9 часа

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад додека се...

Свет10 часа

Хамас предаде четири тела на израелски заложници во замена за палестински затвореници

Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници во ноќна размена на палестински затвореници, објави „Ројтерс“. Израел прими четири тела,...

Свет10 часа

Северна Кореја испраќа повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми,...

Свет10 часа

Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во...

Македонија19 часа

Спасен повреден чешки планинар на Шар Планина

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на...

Свет20 часа

Трамп: Можно е да нема мировен договор меѓу Украина и Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по првиот состанок на неговиот кабинет изјави дека постои можност да не биде постигнат мировен...

Свет24 часа

Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се надева оти првичниот договор за минерали со Соединетите Американски Држави ќе доведе до...

Македонија1 ден

Најсовесно и чесно ја извршував функцијата, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка, вели Чачарова- Илиевска

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов

Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции, кои се казнети со глоба...

Македонија1 ден

Матичните штрајкуваат поради измените во „Мој термин“, од Министерството за здравство велат дека верификувањето на телефонскиот број на пациентите е еднократно

Матичните лекари денеска одржаа едночасовен предупредувачки штрајк поради новите измени во системот „Мој термин“. Претседателката на Здружението на приватните матични...

Македонија1 ден

Ме обвинуваа дека сум анти-Америка, а сега им пречи што имаме одлична соработка со администрацијата на Трамп, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека СДСМ немаат кридибилитет да зборуваат за надворешната политика, по понижувањата на коишто ја изложија државата....