Контакт

Надворешна политика

Грција сè уште не го потврдила учеството на самитите во Охрид и Струга

Објавено пред

Грција сè уште не го потврдила учеството на самитот – Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Дијалогот на цивилизациите, настани коишто идниот викенд се организираат во Охрид и Струга.

Од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов очекуваат идната седмица Грција да испрати претставник на настаните.

Откажувањето на присуството на самитот на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, од Кабинетот на Претседателот не го толкуваат како некоја „драматична“ порака, бидејќи на негово место ќе дојде премиерот на Бугарија, Марин Рајков.

„Вообичаено е да се промени нивото на претставување“, велат од Кабинетот на Иванов.

Македонија е во постојана комуникација со Белград и Приштина, но не се знае дали Косово ќе биде учесник на настаните, бидејќи не е формален член на ниту една од иницијативите. Освен Србија, проблем за учеството на Косово се и Романија и Грција, коишто не го признаваат како држава.

Засега присуството го потврдиле претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, претседателот на Молдова, Николае Тимофти, претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Небојша Радмановиќ, претседателот на Албанија, Бујар Нишани, бугарскиот премиер Марин Рајков, претседателот на Романија, Трајан Басеску, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Србија, Томислав Николиќ и министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу.

Во Охрид ќе бидат и сопругите на пет претседатели кои ќе имаат можност да ги разгледаат убавините на Охрид И Струга. Претседателот на своите гости ќе им подари македонски вина, македонска резба, сет од македонски традиционални производи, а ќе се служи традиционален македонска храна.

Обезбедувањето ќе биде на највисоко ниво, ќе се обезбедува од копно, вода и воздух.

Самитот на 1-ви јуни е во рамки на македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа и ќе се одржи во Охрид. Самитот ќе им даде можност на лидерите од регионот заедно да најдат решенија за глобалните предизвици што влијаат на Југоисточна Европа. Самитот ќе опфати две теми, Намалување на ризикот од катастрофи и Прилагодување на климатските промени.

Дијалогот меѓу цивилизациите кој ќе се одржи следниот ден во Калишта, Струга, е платформа за соработка  меѓу земјите од југоисточна Европа, што во форма на годишни форуми се одржува во изминатите десет години на иницијатива на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Предвидено е претседателот Иванов да одржи билатерални средби со сите присутни претседатели./крај/мф/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пендаровски – Штајнмајер: Почетокот на преговорите позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата на САД по повод неговото учество на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк се сретна со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

„Двајцата претседатели разменија мислења и информации за актуелните состојби во двете држави. Претседателот Штајнмајер изрази најдлабоко сочувство за трагедијата во тетовската модуларна болница“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Македонскиот претседател упатил благодарност до претседателот Штајнмајер за неговите лични напори и ангажман, како и за континуираната германска поддршка за нашата европска интеграција.

Претседателот Пендаровски нагласил дека градењето пријателски релации со Германија, основани на искрен и доверлив пристап, се од исклучително значење за Република Северна Македонија.

„Во тој контекст соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека почнувањето пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима кај нас и ќе значи дополнително стабилизирање на состојбите и просперитет на регионот. Соговорниците разменија мислења и информации за последните случувања во регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Димитров: Дигитализацијата е мултипликатор на промените и општествениот развој

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, на прес-конференција го претстави проектот за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија, што ќе се спроведува под координација на Секретаријатот за европски прашања со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој. На прес-конференцијата вицепремиерот Димитров и претставничката на Естонскиот центар за меѓународен развој, Кадри Масик, потпишаа Меморандум за соработка за проектот.

Вицепремиерот Димитров изрази благодарност за поддршката од двете земји и ја нагласи важноста на трилатералното партнерство во област како што е дигитализацијата, што ќе придонесе за напредок во процесот на европска интеграција на Северна Македонија и зацврстување на заемната соработка со земја членка на ЕУ и САД како стратешки партнер.

„Со овој проект се воспоставува модел за соработка и во други области преку зајакнување на врската меѓу Естонија како земја членка  и Северна Македонија како кандидат за членство во ЕУ; врска која всушност ќе добие една нова димензија преку менторство, а под покровителство на САД како заеднички пријател и важен стратешки партнер. Токму партнерството и менторството е суштината на овој проект – естонското искуство во оваа област е извонредно и пред нас е можност да учиме од земја која во светски рамки важи за предводник на процесите на дигитализацијата“, нагласи Димитров.

Тој ја истакна и важноста на процесот на дигитализација во контекст на европеизацијата на Северна Македонија.

„Особено е важно што најавената соработка со земји членки на ЕУ за носење на европските вредности дома започнува токму во областа на дигитализацијата, бидејќи создавањето успешна дигитална приказна во Северна Македонија е предуслов за напредок и во други клучни области како што е борбата против корупцијата, транспарентноста и доброто управување. Дигитализацијата одамна не е само опција, туку неопходна потреба за зголемување на приспособливоста кон современите предизвици и промените. Тоа не е само нашата иднина, туку е и нашата сегашност бидејќи дигитализацијата е мултипликатор на промените и општествениот развој“, додаде Димитров.

На прес-конференцијата се обратија и амбасадорките на САД и на Естонија во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, и Кристи Карелсон, коишто се надоврзаа на потенцијалот на воспоставената соработка за постигнување видливи резултати во реформските процеси во Северна Македонија и на важноста од споделување на најдобрите практики и стекнатите искуства во процесите на трансформација.

„Оваа соработка е пример за продуктивните односи што се развиваат кога партнерите кои се на иста линија ги прифаќаат истите основни вредности и работат кон постигнување заедничка цел. Денес зборуваме првенствено за е-управување и дигитализација, но ова партнерство што го преземаме, се надевам, ќе генерира позитивни ефекти во широк спектар на области“, нагласи амбасадорката Брнз.

„Естонија е светски етаблиран лидер во дигитализацијата, особено во е-управувањето што го гледаме како клучна алатка за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавниот сектор и довербата на граѓаните. Секогаш сме среќни да го споделиме нашето искуство за тоа што и како сме постигнале, но исто така – што можеше да се направи поинаку. Затоа, ние сме среќни што Владата на Северна Македонија ја покани Естонија да соработува во овој проект и благодарни сме на Амбасадата на САД за нивната драгоцена поддршка. Се надеваме дека ова е само почеток за долгорочна соработка меѓу Естонија и Северна Македонија, што дефинитивно ќе биде од корист за сите актери“, заклучи амбасадорката Карелсон.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката на Европската комисија во вторник во Македонија

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен следната недела ќе посети шест земји од Западен Балкан, соопшти комисијата.

Taa ја започнува својата турнеја на Западен Балкан во вторник со посета на Албанија, а истиот ден заминува за Северна Македонија. В среда ќе ги посети Косово, Црна Гора и Србија, а в четврток Босна и Херцеговина.

Во својот говор за состојбата на Унијата минатата недела Фон дер Лајен најави дека ќе го посети Западен Балкан до крајот на овој месец за да ја потврди својата посветеност кон процесот на пристапување.

„ Ќе го посетам регионот до крајот на месецот. Сакаме да испратиме јасна порака за нашата посветеност кон процесот на пристапување. Тоа им го должиме на сите млади луѓе кои веруваат во иднината на Европа”, рече Лајен во говор за состојбата на Унијата во Стразбур.

Таа додаде дека ЕУ ја зајакнува поддршката за Западен Балкан преку нов економски и инвестициски план, вреден околу една третина од БДП на регионот.

Според медиумите во БиХ, Фон дер Лејен в четврток официјално треба да го отвори мостот Свилај, кој ќе го поврзе автопатот на Коридорот Вц на босанскохерцеговската и хрватската страна на реката Сава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Свет52 минути

Куба почна со извоз на својата вакцина против коронавирус

Куба соопшти дека за првпат ја извезла во Виетнам својата вакцина против коронавирус „Абдала“, која се дава во три дози....

Регион3 часа

Труење, па давање е најверојатно причината за смртта на децата кои беа убиени од нивниот татко во Хрватска

Децата што во Хрватска беа убиени од страна на нивниот татко – Австриецот, Харалд Копиц, најверојатно првично биле отруени, пишуваат...

Европа3 часа

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија3 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија19 часа

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија21 час

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа21 час

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион1 ден

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа1 ден

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија1 ден

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија1 ден

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ2 дена

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 дена

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 дена

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Досие