Контакт

Надворешна политика

Попоски: Блокадата од Грција нема да нé обесхрабри на патот кон ЕУ

Објавено пред

Македонија посвети огромна енергија во спроведувањето што повеќе реформи во однос на започнувањето на преговорите за членство во Европската унија и нема да биде обесхрабрена од евентуално вето на Грција за отпочнувањето преговорите за полноправно членство во Унијата, рече во понеделникот во Брисел шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на средбата со генералниот директор за проширување во Европскатa кoмисија, Стефано Санино

Работната посета на министерот за надворешни работи Никола Попски е повод неговото учество на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидати.

На средбата со Санино, беше разговарано за актуелните прашања од евроинтеграцијата на Република Македонија, во прв ред, за активностите поврзани со реформите во клучните области од Пристапниот дијалог на високо ниво во претстојниот период. Во поглед на состанокот на Европскиот совет кој ќе се одржи следниот месец, заеднички беше констатирано, дека отпочнувањето на преговорите со Република Македонија е „следен чекор кој ќе ја динамизира реформската агенда“.

„Поддршката од јужниот сосед за ваквата одлука е клучна“, констатираше шефот на македонската дипломатија и додаде дека таква волја сé уште отсуствува.

„Од наша страна ќе ја посветиме енергијата на спроведување што е можно повеќе реформи, со иста решителност како кога и формално би преговарале. Блокадата нема да биде причина за обесхрабрување“, рече Попоски.

„Високо го цениме фактот што Европската комисија минатиот месец упати уште еден многу јасен повик до Советот на Европската унија дека Република Македонија останува целосно подготвена за неодложен почеток на пристапните преговори со ЕУ“, нагласи Попоски.

Генералниот директор за проширување, Стефан Санино ја повтори определбата на Европската комисија за поддршка на Република Македонија во процесот на нејзината интеграција во ЕУ и за што поскорешно започнување на пристапните преговори со Унијата.

На средбата, исто така, беа разменети мислења во контекст на следниот седумгодишен програмски период за искористување на европските фондови, особено со оглед на искуствата од претходниот период и земји вклучени во пристапниот процес./крај/мф/сн

Македонија

Премиерот Заев прими делегација бизнисмени и градоначалници од Полска

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска прими поголема делегација претставници на бизнис-заедницата на Полска, како и делегација од градоначалници од оваа земја.

Претседателот на Владата, Заев, нагласи дека традиционалното пријателство меѓу двете земји се рефлектира и во економската соработка за што сведочи и вредноста на вкупната трговска размена, која оваа година се предвидува да достигне рекордни 300 милиони евра.

„Граѓаните на Република Северна Македонија особено му се благодарни на народот на Полска, кои Северна Македонија ја имаат поставено високо на листата за туристички посети, што е особено значајно оваа година поради ограничувањата на патувањата што ги наметна пандемијата на Ковид-19“, рече Заев.

Тој уште ги запозна полските деловни луѓе со предностите и поволностите за инвестирање во нашата земја со посебен акцент на даночните и други олеснувања, кои може да достигнат и до 50 % од вкупната вредност на инвестицијата.

Бизнисмените од Полска покажаа интерес за поволностите од Законот за стратешките инвестиции и за можностите за инвестирање во енергетски капацитети од обновливи извори, како што се фотоволтаичните и ветерните електроцентрали.

На средбата стана збор и за соработката помеѓу единиците на локалната самоуправа, особено во делот на збратимување меѓу општините на двете земји како добра основа за поврзување на малите и средните претпријатија од локалните заедници, каде што има голем потенцијал за поврзување и соработка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи – Матуела: Неопходна е јасна политичка порака за европска иднина на земјите од регионот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела.

Соговорниците направија преглед на постигнатиот напредок во поглед на имплементација на агендата поврзана со ЕУ, а се осврнаа и на актуелниот статус на нашето европско досие.

На состанокот стана збор и за текот на подготовките, клучните теми и очекуваните резултати во врска со октомврискиот самит ЕУ – Западен Балкан во рамките на словенечкото претседателство со ЕУ, при што беше оценето дека самитот мора да испрати јасни политички пораки за иднината на земјите од Западен Балкан во однос на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на Димитров со претставниците на Европската комисија, надлежни за проширувањето на Западен Балкан

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со Михаела Матуела, надлежна за Македонија и Албанија ГД НЕАР во Европската комисија, која неодамна стапи на оваа функција.

Главниот фокус на состанокот беше ставен на подготвеноста и очекувањата на Северна Македонија во однос на почетокот на пристапните преговори, спроведувањето на реформите од ЕУ-агендата и статусот во однос на користењето на фондовите од ИПА. Вицепремиерот Димитров посочи дека остануваме цврсто посветени на процесот на реформи во клучните области од новата методологија за пристапни преговори, што се спроведуваат и со користење на ЕУ-фондовите, информираат од неговиот кабинет.

„Не постои друга алтернатива за процесот на европеизација насочен кон пренесување на европските вредности дома и за таа цел ја воведовме ‘Агенда: Европа дома’ и ја усвоивме НПАА 2021-2025. Овие процеси се одвиваа со целосна транспарентност и вклученост на граѓанското општество, клучните документи се целосно преструктуирани според новата кластерска методологија за пристапни преговори“, изјави Димитров.

Претставничката на ЕК, Матуела, истакна дека постигнатите резултати ќе имаат свој одраз во извештајот на Комисијата за годинава и посочи дека го дели ставот за подготвеноста на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ. ЕК ќе продолжи да нè поддржува на нашиот пат кон членство во Унијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 минути

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија33 минути

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија2 часа

Вчера се вакцинирале над 12.000 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Регион2 часа

Србите побројни на протестите, им носат храна и вода

Бројот на Срби собрани утрово на преминот Јариње е значително поголем од вчера, пренесува репортерот на „Косово онлајн“. Луѓето што...

Македонија3 часа

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија4 часа

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет4 часа

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион5 часа

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет5 часа

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија5 часа

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет17 часа

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет17 часа

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион18 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија22 часа

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија24 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија1 ден

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија1 ден

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет1 ден

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија2 дена

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет2 дена

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Досие