Контакт

Надворешна политика

Адеми: Единствена алтернатива за европска иднина е спроведување демократски и кредибилни избори

Објавено пред

Вицепремиерот за евроинтеграции Арбер Адеми во средата пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија ја презентираше ревидираната Национална програма за усвојувањето на правото на ЕУ (НПАА) за 2016-та година, при тоа осврнувајќи се на актуелната политичка ситуација и потребата од брзо наоѓање на излезно решение.
 

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот за евроинтеграции Арбер Адеми во средата пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија ја презентираше ревидираната Национална програма за усвојувањето на правото на ЕУ (НПАА) за 2016-та година, при тоа осврнувајќи се на актуелната политичка ситуација и потребата од брзо наоѓање на излезно решение.

 

Адеми исто така истакна дека единствената алтернатива за обезбедување на европската иднина на земјата е спроведување на демократски и кредибилни избори,чии што резултати ќе бидат широко прифатени.

Воедно, од круцијално значење е, натамошна агресивна имплементација на Итните реформски приоритети, обезбедување на препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори, продлабочување на добрососедските односи, решавање на отворените билатерални прашања и секако продолжување со проактивен и позитивен однос кон сите регионални иницијативи и воопшто регионалната соработка, додаде Адеми.

Околу овогодишната Национална програма за усвојување на европското право, која го покрива периодот 2016-2020, Адеми подвлече дека од 2006-та година наваму, Владата на Република Македонија и нејзината администрација, под координација на СЕП, а врз основа на наодите и препораките на Извештајот на Европската комисија, подготвува  сеопфатна ревизија на НПАА, од сите аспекти, политички, правни, административни и финансиски.

Ревизијата на НПАА за 2016-та година го задржува истиот методолошки концепт за подготовка на овој документ. Посебно внимание беше посветено на поврзувањето на приоритетите на НПАА со Итните реформски приоритети и Планот на активности,реализација на итните реформски приоритети (ПАРИРП), вклучувајќи ги и целите на Пристапниот дијалог на високо ниво, Економската реформска програма (ЕРП) и Стратегијата за Југо-Источна Европа 2020.

Адеми истакна дека партнери во овој заеднички процес се ЕУ институциите и претставниците на земјите членки и дека секој совет и помош од нивна страна во функција на напредокот во постигнувањето на евроатланските аспирации, искрено се ценат и се сметаат како добронамерни./крај/мф/бс 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар...

Македонија13 часа

Британски медиуми објавија дека се преговара со Македонија за отворање центар за мигранти, СДСМ ја повика Владата да ја објави содржината на разговорите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика Владата веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори...

Македонија20 часа

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

Полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и уште едно физичко лице затоа што на денот на...

Македонија21 час

Поранешните премиери се скараа на „Фејсбук“: Груевски вели дека Заев е дволичен, тој му одговори дека треба да си најде хоби, а не да пишува епопеи од бегство

Поранешните премиери Никола Груевски и Зоран Заев со обвинувања преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Груевски го нарече Заев дволичен, а тој...

Македонија21 час

Од 1 јануари се намалува надоместокот за дистрибуција на струјата, останува ЕВН да ги објави финалните цени

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем „Електродистрибуција“ ДООЕЛ се намалува 3,64 %, надоместокот за користење...

Македонија22 часа

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита...

Македонија23 часа

Кривична против директорка на средно училиште во Делчево: набавила фалсификуван тест за познавање аглиски јазик од Бугарија

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи...

Македонија23 часа

(Видео) „Корупцијата на власта оди до Брисел“, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши,...

Регион1 ден

Во Грција поплавени патиштата поради бурата, а училиштата во делови од земјата затворени

Бурата „Бајрон“, која ја погоди Грција, предизвика затворање на многу училишта, поплавени патишта и затворање на автопатот Атина-Коринт. Рано утрово,...

Европа1 ден

(Видео) Украина погоди руско пристаниште и рафинерија за нафта во напади со дронови

Украинските беспилотни летала извршија напади врз клучни руски енергетски објекти синоќа, погодувајќи го морското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај и...

Европа1 ден

Маж во Австрија ја оставил девојката на планина, таа замрзнала до смрт: обвинет за убиство

Маж (36) се соочува со обвиненија за убиство од небрежност откако ја оставил својата девојка (33) да замрзне до смрт...

Свет1 ден

Путин: Подготвен сум за војна со Европа; Америка: Ќе бидете добро со помалку наши војници

Намалувањето на бројот на американски војници во Европа нема да ја загрози одбраната на континентот, изјави во вторник врховниот командант...

Свет1 ден

Медиумите: Дронови забележани во близина на рутата на летот на Зеленски на пат кон Даблин

Ирската морнарица забележала околу пет дронови кои дејствувале во близина на рутата на летот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за...

Свет1 ден

Трамп сакаше да отпушти 250 вработени во Стејт департментот, судот ја блокира неговата одлука

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи за отпуштање на околу 250 вработени беше блокирана на суд во четврток, што...

Свет1 ден

(Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот

Американската војска вчера изврши нов напад врз брод за кој тврди дека превезувал дрога во крајбрежните води на Латинска Америка,...

Европа1 ден

Медведев за контроверзниот европски план: Ова може да биде повод за војна

Шефот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев вчера предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства...

Европа1 ден

Висок функционер: Нема знаци на напредок кон прекин на огнот во Украина

Висок претставник на Обединетите нации за Украина предупреди дека војната во Украина се влече без знаци на напредок кон прекин...

Свет2 дена

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори...

Македонија2 дена

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија2 дена

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...