Контакт

Надворешна политика

Адеми: Кризата со бегалците покажа колку е важно земјите од Западен Балкан што поскоро да се во ЕУ

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми во четврток оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија Вутер Пломп.

dobivaj vesti na viber

За време на средбата вицепремиерот Адеми накусо информираше за неговото учество на неформалниот министерски состанок на Советот за општи работи во Амстердам. Вицепремиерот Адеми и амбасадорот Пломп, исто така,  се осврнаа на актуелните политички случувања во земјата, особено од последните денови, при што беше истакната важноста во наредниот период да се преземат чекори во насока на исполнување на обврските од Политичкиот договор и обезбедување на услови за спроведување на демократски и кредибилни избори. Соговорниците се осврнаа и на спроведувањето на обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети и се согласија дека е потребно и во наредниот период да се задржи фокусот на овие активности кои се клучни за европската перспектива на земјата.     Адеми и Пломп разменија мислење и за предизвиците и активностите за справување со мигрантската криза при што се осврнаа и на состојбата и неодамнешните инциденти на македонско -грчката граница.Вицепремиерот Адеми во текот на разговорот истакна дека пријателската соработка помеѓу двете земји не само што треба да продолжи туку треба и да се продлабочи. Тој  воедно се заблагодари  и за досегашната принципиелна поддршка на Кралството Холандија, вклучително и за време на претседавањето со ЕУ, нагласувајќи дека кризата со мигрантите и бегалците покажува колку е значајно сите земји од Западен Балкан да бидат интегрирани во ЕУ што поскоро. /крај/со/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Седум активни пожари во земјава

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија49 минути

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Македонија58 минути

Мицкоски: СДС се сведе на застапник на бугарската пропаганда во Македонија и е рака за спас на ДУИ и Ахмети на следните избори

Наспроти нашите напори и борби имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто...

Топ1 час

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет2 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет3 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет4 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардираше, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет4 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија4 часа

Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија14 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија15 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија16 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија20 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ20 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија21 час

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија23 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет23 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион1 ден

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа1 ден

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ1 ден

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...