Контакт

Надворешна политика

Ахмети-Белели: Датум за избори само кога ќе бидат исполнети условите за веродостојни избори

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во четвртокот се сретна со италијанскиот амбасадор во Македонија, Масимо Белели, со кого разговараа околу последните случувања во преговарачкиот процес за решавање на политичката криза во земјата и отворањето на патот за одржување на сеопфатни избори.

dobivaj vesti na viber

Ахмети го повтори ставот на ДУИ дека датумот на изборите треба да се утврди откога политичките партии ќе проценат дека се исполнети условите за веродостојни избори.

Во врска со последните случувања, Ахмети истакна дека македонските политички партии треба да го надминат единственото отворено прашање меѓу нив со цел да се олесни постигнувањето на договорот што е можно поскоро, кое потоа ќе овозможи дополнување на условите со тоа и одредување на датумот на изборите.

Италијанскиот амбасадор високо ја оцени улогата на Демократската унија за интеграција во преговарачкиот процес и изрази уверување дека овој придонес ќе продолжи и во надминувањето на последното отворено прашање, соопштуваат од ДУИ.

Белели исто така изрази очекување дека Ахмети ќе ги претставува Албанците од Македонија на канонизација на Мајка Тереза на 4-ти септември во Рим, додаваат од ДУИ./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион32 минути

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа39 минути

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет1 час

Откриено е што Трамп ѝ понуди на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет1 час

Каде ќе се одржи самитот Трамп-Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион1 час

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...

Свет12 часа

Британски „Тајмс“: Новиот план на Трамп – Украина ќе ги зачува своите граници, но територијата ќе биде окупирана од Русите?

Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како можен модел за завршување на војната во Украина, дознава...

Свет13 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа15 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа15 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија16 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија16 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија17 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура18 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ23 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија24 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет24 часа

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија1 ден

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија1 ден

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет1 ден

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...