Надворешна политика
Ахмети – Де Грот: Реформската агенда бара дела, а не ветувања
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во петокот оствари средба со државниот директор за европска соработка при холандското МНР, Роберт Де Грот, со кого разговараа околку политичката криза во Македонија, последните случувања и понатамошните чекори за консолидација на државата и институциите.
Ахмети го запозна холандскиот гостин за конкретните чекори кои ги презема ДУИ за враќање на Собранието а исто така и одложувањето на изборите закажани за 5-ти јуни, како и иницирањето на измени во законот за аболиција со што се овозможува претседателот Иванов да ја повлече одлуката, но исто така на помилуваните им се овозможува да бараат повлекување на простувањето со кој претседателот е должен да постапува.
Во однос на олеснувањето на работата на Државната изборна комисија за прочистување на избирачкиот список и исполнување на законските услови за спроведување на веродостојни избори, Собранието итно донесе неколку закони и ова ја докажува нашата сериозна посветеност за спроведување на реформите во согласност со обврските што произлегуваат од Договорот од Пржино, итните препораки на Европската комисија, извештајот на Прибе и пристапниот дијалог на високо ниво со Европската унија, се вели во соопштението од партијата.
Ахмети истакна дека земјата пред себе има многу амбициозна реформска агенда во согласност со Договорот од Пржино, приоритетите на Европската комисија, извештајот на Прибе и високиот пристапен дијалог бидејќи сите овие работи ќе овозможат реформи на системот и спроведување на веродостојни парламентарните избори.
ДУИ врши автономна политика во интерес на албанската заедница и на државата во согласност со евроатланската агенда и не е инструмент ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на СДСМ, додаваат од партијата.
Ахмети исто така истакна дека очекувањата на меѓународната заедница се дела, а не ветувања, и партијата ова го разбира и дејствува во согласност со очекувањата на меѓународните пријатели./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.