Надворешна политика
Ахмети го повика Столтенберг директно да се вклучи во решавање на спорот со Грција
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, испрати писмо до новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое бара од него директно и активно да се вклучи во олеснувањето на процесот во решавањето на прашањето за името меѓу Скопје и Атина.
Во писмото, Ахмету му ја честита новата задача на Столтенберг и изразува убедување дека соработката меѓу Македонија и НАТО ќе се продлабочи.
„Со особено задоволство ви пишувам за да ви ја честитам вашата нова задача на чело на Северозападната Алијанса и да ја изразам мојата длабока убеденост дека нашата блиска соработка со пријателите во НАТО ќе се продлабочи уште повеќе. Улогата на НАТО за Македонија и регионот е многу значајна и ние сме благодарни за овој придонес што донесе мир преку Охридскиот договор заедно со сите достигнувања на земјата до денес“, се вели во писмото.
Но, додава Ахмети, нашата заедничка задача ќе заврши само кога Македонија ќе се построи заедно, рамо до рамо, со сојузниците во Брисел.
„Членството на Македонија и регионот во НАТО не e провокација кон никого, туку претставува само исполнување на очекувањата на граѓаните во нашата земја и овој процес e еднонасочен пат од кoj нема враќање. Македонија нема друга иднина освен НАТО и ЕУ. Ова е ветувањето на сите политички партии во земјата пред гласачите и додека ова не се исполни, не можеме да кажаме дека ние сме ги исполниле нашите обврски, но исто така ниту меѓународната заедница не ја завршила својата работа во кревкиот регион на Западен Балкан“, пишува Ахмети во писмото до Столтенберг.
Во него Ахмети го повикува генералниот секретар на НАТО, заедно со другите меѓународни пријатели, да се вклучи директно и активно во олеснувањето на процесот во решавањето на прашањето за името меѓу Скопје и Атина што поскоро.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.