Контакт

Надворешна политика

Амбасадорската шесторка од СДСМ побара враќање во Парламентот

Објавено пред

Амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија, Германија, Франција и Италија во вторникот од лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев побараа враќање во Парламентот, потенцирајќи дека тоа е клучната институција за решавањето на проблемите со кои се соочува државата.

dobivaj vesti na viber

 

„Ја разбираме резервираноста која постои и потребата од опозицијата да биде будна на ниво на кое ќе игра важна улога на контролор. Но Парламентот останува клучна институција во која опозицијата може да земе учество на истражувачки начин.Затоа ја охрабруваме да се врати во Парламентот и да помогне за надминување на политичкиот ќорсокак“, порача германскиот амбасадор во Македонија, Кристине Алтхаузер.

 

Амбасадорската шесторка претходно се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, од кого побараа да се заложи за независна и транспарентна истрага околу обвинувањата кои потекнаа од објавените прислушувани материјали од страна на опозицијата.

 

Амбасадорите во понеделникот пак остварија и средба со премиерот Никола Груевски, на кого му порачаа дека владата досега на направила доволно во поглед на обвинувањата од објавените аудио материјали, потенцирајќи дека доколку ова продолжи, истото ќе влијае врз напредокот на земјата во евроатланските интеграции./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија5 часа

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија5 часа

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија6 часа

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ8 часа

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија8 часа

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион9 часа

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија10 часа

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија10 часа

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион11 часа

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа11 часа

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет12 часа

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет12 часа

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...

Свет13 часа

(Видео) Интересот на Трамп за Гренланд не е шега, тврди шефот за надворешна политика на САД

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното...

Македонија22 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на...

Топ24 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...

Економија1 ден

Мицкоски: Го разбирам бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како функционери на СДСМ манипулирале со пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт...

Свет1 ден

(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер

Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија...

Македонија1 ден

Гаши за смената во Судскиот совет: Досега неколкупати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи, но дека треба да се внимава. „На сите...

Македонија1 ден

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во...