Контакт

Надворешна политика

Бејли: Најголемата санкција е тоа што Македонија не напредува на патот кон ЕУ и НАТО

Објавено пред

Пораките на САД се исти со тие што ги кажаа пријателите од ЕУ, сега е најважно да се имплементира договорот од Пржино и да се отвори пат за изборите од страна на четирите политички партии, порачува американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за „Утрински“.
 

dobivaj vesti na viber

Пораките на САД се исти со тие што ги кажаа пријателите од ЕУ, сега е најважно да се имплементира договорот од Пржино и да се отвори пат за изборите од страна на четирите политички партии, порачува американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за „Утрински“.

 

„Кои чекори треба да бидат преземени? Доколку може да се одржат избори, тие не треба да бидат одложени. Тие може да ја одведат земјата напред со влада која е целосно легитимна и не е инфицирана од скандали. Ургентните реформски приоритети очигледно се тука, исто така. Постојат старите прашања за владеењето на правото и за медиумите, така што многу е важно владата да исчекори напред околу нив. И трето е прашањето на одговорноста што го вклучува Специјалното јавно обвинителство, бидејќи ако не се воспостави одговорност за прислушуваните разговори и за содржината откриена во нив, земјата ќе остане заглавена во кризата“, вели американскиот дипломат.

Бејли додава дека е оптимист околу отворањето пат за избори, односно дека доколку има добра волја, тогаш тоа може да се постигне. „Алтернативата е летово да се соочите со стагнација и со неизвесност со сите лоши последици од тоа. Има елементи во преговорите да се постигне тоа, но потребна е силна политичка волја“, вели тој.

Американскиот амбасадор во интервјуто за „Утрински“ исто така повторува дека работењето на СЈО претставува тест за владеењето на правото во Македонија.

„Ние бевме многу јасни. Дали канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство ќе може да спроведе истраги на непопречуван и професионален начин е вистинскиот тест за владеењето на правото во земјата. Врз основа на извештаите на ЕУ, на нашите оценки, па и на анкетите на македонските граѓани, постои недоверба во вашиот судски систем. Процесот што се бара е предизвик за судството и според нашето искуство што го имаме од работата со судовите и јавните обвинителства, верувам дека има судии во Македонија кои се сосема способни да процесуираат случаи на непристрасен начин, во согласност со правилата и процедурите. Тоа е вистински предизвик за интегритетот на судскиот систем и одговарањето на тој предизвик ќе ви помогне земјата да оди напред“, порачува тој.

Во поглед на тврдењата, пак, дека ЕУ веќе почна да воведува санкции кон Македонија, Бејли вели дка најголемата санкција е тоа што Македонија не напредува на патот кон ЕУ и НАТО.

„Нема да ги коментирам шпекулациите, но ќе го кажам следното. Најголемата санкција веќе се случува. Тоа е фактот дека Македонија не напредува на патот кон ЕУ и НАТО и тоа е реален проблем. Тој проблем доведува до тоа некои инвеститори да останат настрана, а некои родители да се загрижени за иднината на своите деца. Ова се најголемите санкции што можат да ви се случат. Ние сакаме да и’ помогнеме на Македонија да напредува кон НАТО и ЕУ, да воспостави мултиетничка и отпорна демократија. Тоа го сакаат и повеќето од граѓаните на Македонија“, заклучува американскиот амбасадор./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија2 часа

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија5 часа

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет6 часа

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет6 часа

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија8 часа

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија8 часа

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија9 часа

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет9 часа

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...

Свет9 часа

Клучното прашање е каде Иран скрил 400 килограми збогатен ураниум, вели експерт

По израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, поранешниот заменик-генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Оли Хејнонен,...

Свет10 часа

Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

Континуираните ирански ракетни напади врз Израел покажуваат дека силите на Техеран можат да се прегрупираат дури и откако Израел уби...

Свет10 часа

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа набргу“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја...

Свет10 часа

(Фото) Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански...

Свет10 часа

Иранските медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али...

Свет11 часа

Израел: Го нападнавме седиштето на елитната единица на Иранската гарда во Техеран

Израелската војска објави дека нејзините борбени авиони извршиле напад врз седиштето на Кудс силите во Техеран, тврдејќи дека таму се...

Свет11 часа

Иран: Не сакаме да преговараме за прекин на огнот додека сме под израелски напади

Иран им соопшти на посредниците Катар и Оман дека не е отворен за преговори за прекин на огнот додека е...

Свет11 часа

(Видео) Четворица мртви, десетици повредени во ракетните напади врз Израел во текот на ноќта

Четири лица – две жени и двајца мажи – беа убиени во најновите ракетни напади врз централен Израел, потврдија службите...

Свет11 часа

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин да биде посредник во мирот меѓу Иран и Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран како што...

Свет11 часа

(Видео) Иранците масовно бегаат од Техеран: „Ова не е моја војна“

По израелските напади врз Техеран вчера, многу жители се обидуваат да избегаат од градот и да побараат засолниште во пооддалечени...

Свет21 час

Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да...