Надворешна политика
Бејли: САД не сака ништо повеќе од тоа Македонија да биде целосно интегрирана во евроатланската заедница
САД не сака ништо повеќе од тоа даа ја види Македонија како една силна, просперитетна и мултиетничка демократија, целосно интегрирана во евроатланската заедница, порача во четвртокот новиот американски амбасадор во земјава, Џес Бејли при предавањето на акредитивите до претседателот Ѓорге Иванов.
„САД и Македонија имаат силно пријателство, делиме заеднички цели и работиме во решавањето на проблемите низ светот, кон тоа тој да биде подобар, побезбеден и послободен, и САД не би сакале ништо повеќе од тоа да ја видат Македонија како една силна, просперитетна и мултиетничка демократија, целосно интегрирана во евроатланската заедница. Се чувствувам добредојден во земјата, имав одличен разговор со претседателот, а претходно и со министерот за надворешни работи. САД е пријател и партнер на Македонија, ја признаваме под нејзиното уставно име и го признаваме правото на нејзините граѓани да го дефинираат својот идентитет“, изјави американскиот амбасадор.
Македонија во континуитет придава исклучителна важност на развојот и натамошното унапредување на односите со САД, а двете земји исто така ги поврзува заемната посветеност на почитувањето на универзалните вредности – мирот, слободата, деморкатијата и безбедноста, изјави претседателот Ѓорге Иванов.
„САД претставуваат еден од најважните стратегиски партнери во реализацијата на нашите надворешнополитички цели. Интеграцијата во евроатланските структури, добрососедски односи, регионалната соработка се нашите највисоки приоритети на кои сме целосно фокусирани. Непринципиелните блокади, спротивни на меѓународното право, кои се пречка за нашите интеграции, кои создаваат и проблеми во нашето општество, воопшто не не обесхрабруваат. За нас никогаш не било прашањето дали, туку кога ќе ги реализираме нашите цели. Членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ има огромна кохезиона моќ во нашето општество. Тоа убеден сум, не е придобивка само за нас, недвосмислено тоа позитивно ќе влијае и на стабилноста и просперитот на нашиот регион. На тој план, како и досега, се надеваме и очекуваме поголема поддршка од САД“, рече Иванов.
Запрашан за моменталната политичка состојба во земјата, Бејли потенцираше дека САД стои на она што го порача претходно, а тоа е дека сите истраги кои се вршат во моментов треба да бидат спроведени на еден отворен и транспарентен начин.
„Политичката состојба е чувствителна, во текот се истраги кои треба да бидат спроведени на отворен и транспарентен начин, целосно почитувајќи ги независноста на судството, владеењето на правото, слободата на медиумите и сигурен сум дека ова е состојба која што македонсктие граѓани, политичките лидери и институциите ќе ја решат. Сметам дека го дадовме нашите критики, и нашите институции имале и се уште имаат предизвици во поглед на демократијата, и целосно очекувам дека граѓаните на Македонија ги очекуваат овие работи, аспиранти се за членството во ЕУ, владата има обврска кон тие вредности и не гледам причини за ова да не се реши“, порача Бејли./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.