Контакт

Надворешна политика

Берлин: Балканот со заедничка стратегија за да биде поатрактивен како пазар

Објавено пред

Земјите од Балканот треба да бидат поунифицирани, покоординирани во делот на економијата и да настапат со заедничка стратегија за да бидат поатрактивни како пазар, порачаа европските челници и министри за економија на панел дускисијата во четвртокот во Берлин, организрана од германското министерство за економија во рамки на самитот Германија – ЕУ – западен Балкан, на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за економија, Беким Незири, пренесува МИА.

dobivaj vesti na viber

Според Пешевски стартегиите се регионални, но сепак секоја држава има свој дел од работите кој што треба да го исполни, а Македонија веќе го применува тој принцип и предничи спред прокти пред другите земји во регионот.

„Во делот на нашите задачи ние навистина правиме можеби и најмногу процентуално гледано од сите земји во регионот бидејќи и во нашата стратегија за развој на гасификација имаме предвидено поврзување со неколку соседни држави и во делот на енергетиката веќе неколку се изградени, а неколку се во фаза на градба далеководи со соседните држави. Нашиот дел од патната инфраструктура, особено од Коридорот 10 ние ќе бидеме првата земја што целосно ќе го заврши. Нешто што ние одмна го најавувавме дека ќе го направиме. Исто и Коридорот 8 на кој се работи засилено и сме единствена држава во регионот во која истовремено се градат три автопатишта, така што Македонија претставува можеби пример за тоа како треба да се делува во делот на инфраструктурата, во делот на електро-енергетиката и кои се стратегиите што треба да се прават. Наместо празни зборови треба да се базира на реални проекти што ние и го правиме“, рече вицепремиерот Пешевски.

Посочи дека собирот го искористил уште еднаш да ја промовира Македонија како инвестициска дестинција со посебен фокус на проекти од областа на енергетиката, на што беше посветена првата сесија од економската конференција.

„Македонија, како во останатите делови на подобрување на бизнис климата, и во оваа област е малку понапред од останатите, бидејќи веќе го има отворено пазарот за приватни инвестиции во овој сегмент. Го промовирав проектот за јавно пиватно партнерство за изградба на гасни дистрибутивни системи за вториот и третиот регион во Република Македонија. Ја искористив и можноста за презентирање на идејата за формирање на еден регионален пазар, односно регионална берза за електрична енергија, нешто што би помогнало да се обезбеди поевтина енергија и постабилно снабдување со електрична енергија не само за Македонија туку и за целиот регион. Тоа како идеја натаму ќе се обработува, но значајно за нас е бидејќи Македонија во овој момент гради неколку енергетски врски со соседните држави и треба да се искористи таа можност и во оваа област да бидеме пример за стабиност и за привлекување инвестиции“, појасни Пешевски. Министерот Незири, додаде дека во однос на патната инфраструктура, покрај комплетирање на Коридорот 10, многу значаен е и Кородорот 8.

„Очекуваме поврзаноста со Косово да биде патот Скопје – Блаце. Со тоа би се поврзале индиректно со Србија, знаејќи ги плановите на Косово дека планираат да се поврзат со Србија, кој, пак, пат би овозможил директно поврзување со Албанија. Идејата е државите да бидат поврзани за да придонесеме кон привлекување на странските инвестиции“, рече Незири.

Инаку, политичкиот дел од самитот Германија-ЕУ- Западен Балкан, кој се одржува на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел започна во 15:30 часот.

Македонскиот премиер Никола Груевски, заедно со лидерите од регионот на Западен Балкан ќе седат на иста маса со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, како и со претставници на Австрија и на Франција, каде зад затворени врати се очекува да дебатираат за ситуацијата и проблемите во регионот.

Во истовреме со главната пленарна средба, во германското МНР ќе се одржи состанок на шефовите на дипломатиите со земјите од Западен Балкан, на која ќе присуствува и министерот за надворешни работи Никола Попоски. На оваа конференција, која исто ќе биде затврена за јавноста ќе учествува и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Според германски аналитичари, можно е Попоски да се осврна на спорот за името, кое се смета за главна пречка на патот на евроинтеграциите на Македонија.

По пленарката најавена е прес-конференција на Меркел со Баросо и албанскиот премиер Еди Рама, како актуелен претседавач со Процесот за соработка во југосисточна Европа.

Самитот ќе биде заокружен со работна вечера која ја приредува канцеларката Меркел, на која учесниците уште еднаш ќе ја резимираат еднодневната работа и разговори. Некакви големи заклучоци и документи не се предвидени, освен позитивната порака преточена во конкретен ангажман за економски развој на Западен Балкан.

Се очекува Самитот да прерасне во годишна конференција за Западен Балкан во рамките на ЕУ, чиј организатор идната година треба да биде Австрија.

Берлинскиот собир на високо рамниште следи по состанокот на осумте претседатели на земјите од Процесот „Брдо-Бриони“, кој се одржа во јули во Дубровник, а на кој присуствуваше и германската канцеларка Меркел./крај/миа

Извор: МИА

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ3 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија4 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија5 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија6 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион6 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија7 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија7 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет8 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет8 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа9 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет9 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет9 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа9 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион18 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија19 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет21 час

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...