Контакт

Надворешна политика

Бесими го презентираше степенот на реализација на НПАА

Објавено пред

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во четвртокот пред членовите на Комисијата за европски прашања и претставниците на меѓународната заедница ги презентираш постигнатите резултати и степенот на реализација на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија – НПАА.
 

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во четвртокот пред членовите на Комисијата за европски прашања и претставниците на меѓународната заедница ги презентираш постигнатите резултати и степенот на реализација на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија – НПАА.

 

 

Бесими ја истакна важноста на претстојниот период за процесот на европската интеграција на Македонија, со оглед на тоа што годинешниот Извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјата ќе биде објавен за еден месец, и воедно нагласи дека треба да останеме фокусирани на спроведување на реформите од европската агенда со цел истите да бидат нотирани во Извештајот.

 

Бесими потсети дека со одржувањето на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација се заокружи 10-от циклус на секторските поткомитети во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

 

Притоа беше потврдена подготвеноста на земјата да премине во втората фаза на ССА, но исто така беше укажано и на областите во кои е потребно да се спроведат дополнителни реформи – во однос на независноста и профезионализмот на судството, слободата на изразување и медиумите, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на фундаменталните права, продолжувањето со реформите во јавната администрација итн.

 

Воедно, Бесими информираше дека во изминатиот период се одржани координативни состаноци со ресорните министерства со цел да се разгледа статусот на имплементација на активностите и најави дека вакви средби ќе продолжат и со други институции.

 

Вкупно до сега се усвоени 13 закони, три се во собраниска, три во владина постапка, а седум се во меѓуресорска постапка. Околу предвидените подзаконски акти донесени се 49, еден е во меѓуресорска постапка, а 17 се во подготовка, истакна Бесими.

 

За реформите во судството, меѓу другото, Бесими потенцираше дека од страна на Судскиот совет е извршено редовното годишно оценување на работата на судиите за 2013 година, зајакнати се капацитетите на Јавното обвинитество со опрема за снимање на сослушувањата и опрема за следење на случаите. Како посебно важна, ја истакна реформата на правната рамка во однос на оценувањето на дисциплинската одговорност на судиите, која ќе се реалзиира во соработка со ЕК.

 

Во областа на слободата на изразување и медиумите, Бесими информираше дека Владата објави преглед на информативни кампањи за 2012,2013 и првата половина на 2014 година. Посочи, исто така, дека е формирана меѓу-министерска работна група задолжена за обезбедување на поголема финансиска независност на Јавниот радиодифузен сервис и дека продолжува праксата на континуирани обуки за судиите во однос на примената на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

 

На крајот на презентацијата на НПАА пред членовите на Комисијата за европски прашања во Собрание, вицепремиерот Бесими рече дека ова се дел од клучните постигнувања во спроведувањето на реформите од ЕУ агендата и нагласи дека поради важноста на претстојниот период, имајќи предвид дека Европската комисија веќе работи на Извештајот за напредок за 2014 година, неопходно е сите да покажат максимална конструктивност и да се фокусираат на реализација на клучните приоритети и реформи со цел истите да бидат нотирани во Извештајот, додавајки дека земјава не смее да го испушти моментумот на позитивна клима во Европската унија во поглед на проширувањето кон државите на западен Балкан, кој беше потврден со Берлинската  Конференцијата за западен Балкан и приоритетите на италијанското претседателство./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија9 часа

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија10 часа

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет10 часа

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...

Топ12 часа

Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден. Првата се случи на магистралниот пат...

Економија12 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без...

Македонија15 часа

Пендаровски е озборувач, кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија15 часа

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на ‘Ѓока констракшн’“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет16 часа

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа17 часа

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет17 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет17 часа

Иран: Ќе преговараме со САД, само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија1 ден

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ1 ден

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ1 ден

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија1 ден

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија1 ден

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ2 дена

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....