Контакт

Надворешна политика

Бесими: Македонија континуирано презема активности за подобрување на економскиот раст

Објавено пред

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во средата се обрати на на Иницијалниот состанок (Kick off meeting), Програма за реформи во вработувањето и социјалната сфера.

dobivaj vesti na viber

 

Иницијалниот настан за започнување на социјално-економскиот дијалог меѓу Македонија и ЕУ претставува поддршка на политиките за инклузивен раст во земјите во процесот на пристапување во Европската унија, во согласност со целите од Европа 2020.

 

Во своето обраќање, Бесими истакна дека Македонија континуирано презема активности во насока на подобрување на економскиот раст. Како резултат на тоа земјата постигна подобрување од 10 места и беше рангирана на 63-то место во Извештајот за глобална конкурентност 2014-2015 објавен од страна на Светскиот економски форум. Ова е второ последователно подобрување на конкурентноста на македонската економија.

 

Минатата година рангирањето на земјата е подобрено за 7 позиции. Оваа година, за прв пат македонската економија го подобри својот ранг во сите 12 столба кои го сочинуваат индексот.

 

Тој истакна дека Европската перспектива на Македонија е клучниот генератор на реформите и чинител за постоењето на колективен ентузијазам за овој процес, каде што  Владата на Република Македонија посветено работи на справување со предизвиците кои бараат сеопфатен пристап.

 

Програмата за реформи во вработувањето и социјалната сфера ќе придонесе за севкупниот дијалог во рамки на  Поглавјето 3.19 „Социјална политика и вработување”, а воедно ќе биде поддршка за усогласувањето со законодавството на ЕУ во оваа област. Истовремено, ќе помогне полесно да се следи напредокот во оваа сфера, поврзувајќи ги приоритетите за користење на претпристапната финансиска помош на ЕУ (ИПА фондови), како и стратешка соработка со други донатори во Македонија.

 

На крајот, Бесими истакна дека во овој процес како и до сега потребно е сите заедно да работиме на постигнување успех во реформите, со што ќе се постигне раст и нови работни места за македонските граѓани, а во исто време и остварување на целите поставени од ЕУ како целина./крај/мф/бс

 

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Зеленски: Се плашам дека САД ќе го загубат интересот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, призна дека се плаши дека САД ќе го изгубат интересот за организирање мировен договор меѓу Украина...

Свет59 минути

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: Пристигнува нова залиха на оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет3 часа

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет3 часа

Ербас ги проверува авионите А320 поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет3 часа

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Свет3 часа

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...

Свет3 часа

(Видео) Путин разговараше со човекот на Трамп пет часа: неговиот помошник даде значајна изјава

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стивен Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, траеше речиси пет часа,...

Свет10 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија12 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија16 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија20 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија21 час

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија22 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија23 часа

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија23 часа

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија24 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија1 ден

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет1 ден

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет1 ден

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...