Надворешна политика
Бесими: Проширувањето на ЕУ да се најде во агендата на холандското претседателство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/DSC_0024.jpg)
Холандија е еден од најголемите поддржувачи на Македонија за членство во евроатлантските структури, но за Холандија е клучно Македонија да продолжи да испорачува мерливи резултати во спроведување на реформите во соодветните области.
Ова беше истакнато на средбата што вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими ја оствари со Рене Џоунс Бос, заменик министер во Министерството за надворешни работи на Холандија, придружувана од холандскиот амбасадор Вилем Вутер Пломп.
Посетата се реализира во функција на подготовка на програмата и приоритетите за претстојното холандско Претседателство со Советот на ЕУ кое ќе започне од јануари 2016 година.
Соговорниците се осврнаа и на актуелната политичка ситуација како и активностите за реализација на итните реформски приоритети.
За време на средбата вицепремиерот Бесими ја истакна и неопходноста од европско интегрирање на земјите од Западен Балкан, како единствена гаранција за стабилност и просперитет во регионот. Во таа насока ја изрази потребата и очекувањето дека процесот на проширување на Европската унија, покрај другите актуелни приоритети, ќе се најде во агендата на претстојното холандско претседателство.
Во поглед на справувањето со зголемениот број на мигранти за време на разговорот беше истакнато дека Македонија прави се што е во нејзините можности и надлежности со цел соодветно справување со состојбата, но уште еднаш беше потенцирано од страна на вицепремиерот Бесими дека е неопходна и понатамошна помош од страна на Европската Унија и билатералните партнери, во насока на што Секретаријатот за европски прашања организира донаторски состаноци со меѓународната заедница.
На крајот Бесими ја изрази својата благодарност за значителната билатерална поддршка која Република Македонија и Секретаријатот за европски прашања ја добиваат од Кралството Холандија преку инвестирање во проекти за институционална надградба со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.