Надворешна политика
Бесими – Рејндерс: Засилен ангажман од сите страни за почеток на пристапните преговори со ЕУ
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во понеделникот оствари работна средба со Дидие Рејндерс, заменик премиер и министер за надворешни работи на Белгија, кој престојува во официјална посета на Македонија.
За време на средбата, Бесими ја истакна важноста на процесот на европската интеграција за Македонија, истакнувајќи дека европската интеграција останува клучен стратешки приоритет на нашата земја.
Во тој контекст, нагласи дека од страна на Владата се следи реализацијата на селектираните приоритети врз основа на препораките на Европската комисија, кои се клучни во процесот на пристапување во ЕУ, како што се слободата на изразување и медиумите, судството, меѓуетничките односи, добрососедските односи, регионалната соработка и зголемување на економскиот раст и вработувањето.
Меѓу другото беше истакната и потребата од засилен интерес и преземање на конкретни чекори од сите страни вклучувајќи ја и Европската унија во насока на надминување на препреката наметната со долгогодишниот спор со името, со цел што поскоро отпочнување на пристапните преговори.
Во поглед на актуелната политичка ситуација Бесими истакна дека неопходно е одново воспоставување на функционален политички дијалог во насока на што работи и тројката од Европскиот парламент со цел надминување на предизвиците и чекорење по стратешки дефинираниот европски пат.
Министерот за надворешни работи Рејндерс ја истакна поддршката која ја дава Белгија за членство на Македонија во Европската унија. Во поглед на актуелните политички збиднувања тој укажа дека е важно да се воспостави политички дијалог во земјата. Во текот на разговорот акцент беше ставен на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и меѓуетничките односи, како солидна основа за понатамошен напредок и развој.
Белгија припаѓа на групата од 15 земји членки на ЕУ кои во пресрет на одржувањето на минатогодишниот состанок на Европскиот совет го поддржаа почетокот на пристапните преговори и се залагаа за одржување на темелна дискусија во Советот на ЕУ за иднината на евро-интегративниот процес на Македонија.
На крајот, од двете страни беше истакната важноста и потребата од вклучување и придонес од страна на сите политички и општествени чинители во насока на остварување на долгогодишната стратешка цел – членство на Македонија во Европската унија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.