Контакт

Надворешна политика

Бесими: Ситуацијата на статус кво е неодржлива за Македонија

Објавено пред

Процесот на интеграција на Република Македонија и последните постигнувања на земјата во однос на членството во Европската Унија биле главна тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања, Фатмир Бесими, со извршниот генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, Пјер Вимонт, и со директорот за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи, Фернандо Џентилини во Брисел. 

dobivaj vesti na viber

Бесими, на средбата која била планирана на агендата за време на дводневната посета на Брисел, ја повторил заложбата за европската интеграција, нагласувајќи дека таа останува стратешки приоритет на новата влада на Република Македонија.

 

Тој информирал и дека Македонија продолжува да работи на реформите и спроведување на приоритетите кои произлегуваат од извештајот за напредокот и заклучоците на Европскиот Совет, а тие се следат преку Акциски План со мерки и активности со цел адресирање на приоритетите како што се реформите во судство и независно судство и зајакнување на довербата во институциите, човекови права, слобода на изразување, добри меѓуетнички односи како и добри соседски односи, соопштуваат од кабинетот на заменик претседателот на Владата . 

 

Бесими нагласил дека европската интеграција е клуч за внатрешната и регионалната интеграција, и додал дека ситуацијата на статус кво е неодржлива за Македонија како и за стабилноста на целиот регион.

 

Според Бесими Република Македонија е отворена и подготвена за изнаоѓање на заедничко решение за отвореното прашање за името со Република Грција, се вели во соопштението до медиумите од каде додаваат дека Вицепремиерот побарал поддршка од ЕУ и нејзините институции за олеснување на дијалогот за отвореното прашање со Грција со цел забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија, како и за продлабочување на соработката со ЕУ институциите во спроведувањето на реформите пред официјално започнување на преговорите за членство преку креативни решенија и механизми во рамките на постојната институционална рамка.

 

На средбата биле отворени и темите за политичкиот дијалог со опозицијата и меѓуетничките односи и била донесена заедничка констатација дека важно е Македонија да покаже капацитет и успешно да ја менаџира ситуацијата бидејќи тоа ќе има влијание врз процесот на Европската интеграција на Република Македонија./крај/мф/ап

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија24 минути

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и по неисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија37 минути

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија1 час

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија2 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија2 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија2 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија2 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет6 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет6 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет7 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет7 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа7 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет7 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет13 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет13 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет15 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија17 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија18 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...