Надворешна политика
Бесими: Важноста на фундаменталните права потенцирана и во поглавјата 23 и 24 од преговорите со ЕУ
Секретаријатот за европски прашања, со поддршка на Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во четвртокот одржаа работилница за фундаментални права во Македонија, пришто свои воведни обраќања имаа вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, заменик амбасадорот на Германија во Македонија, Ханс Хелге Сандер и директорот на ГИЗ канцеларијата во Македонија, Џејмс Макбет.
Секретаријатот за европски прашања (СЕП) поддржан од страна на Проектот на германско македонската билатерална соработка „Поддршка на Секретаријатот за европски прашања” спроведен од ГИЗ (Германско друштво за интернационална соработка), ја анализираше националната институционална поставеност во областа на фундаментални права.
Резултат од оваа анализа е мапирање на сите национални чинители вклучени во областа на темелните права, нивните надлежности, како и идентификување на постоечките координативни структури во оваа област. Оваа анализа претставува основа за отпочнување на длабинска анализа за утврдување на нивото на усогласеност со ЕУ.
Имајќи ја предвид важноста на фундаменталните права како и фактот дека новиот пристап во преговорите се фокусира на поглавјата 23 и 24, но и фактот дека станува збор за една обемна материја која е дефинирана во многу закони, стратегии, надлежностите се портфолијата на голем број институции, а многу често има и споделена надлежност, го инициравме и спроведовме овој процес на анализа на националната институционална поставеност во областа на фундаментални права, со цел да добиеме појасна слика за целокупниот механизам и да видиме каде има потреба за унапредувања во законската и институционална рамка, истакна вицепремиерот Бесими во своето обраќање.
Целата на оваа работилница е презантирање на резултатите од досегашните активности во насока на идентификување на националната структура за фундаментални права, како и размена на информации, мислења, искуства и предлози за подобрување на координативните структури и мониторинг механизмите.
Денешната дебата е чекор поблиску до втората фаза од овој проект, кога ќе може да се продолжи со длабинската анализа во сите наведени области од фундаменталните права, или селекција на оние области кои ќе треба да се задржи фокусот во наредниот период, се вели во соопштението од СЕП./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.