Контакт

Надворешна политика

Борисов: Добиените податоци од Иванов ги доставив до бугарските служби

Објавено пред

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во петокот изјави дека податоците кои ги добил од македонскиот претседател Ѓорге Иванов во врска со новите миграциски правци, веднаш ги препратил до бугарските служби, пренесува БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

„Она што пред неколку дена ме замоли претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, јас го соопштив на состанокот на Европскиот совет. Нивните служби ги добиле новите правци и како и за организирањето на сето ова, каде и како да се поминува. Сето ова е предадено до ДАНС (Државната агенција за национална безбедност),  Министерството за внатрешни работи, како и до министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ“, објаснил Борис.

Бугарскиот премиер, исто така, додал дека за разлика од Грција, која добила стотици милиони и ништо не направила, Македонија создала похумани услови за мигрантите кои се прифатени таму.

„Веќе неколку месеци грчката влада не презема мерки. Во Грција во моментот ништо не е завршено – условите за бегалците таму се ужасни“, рече Борисов.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, пак, во интервју за БГНЕС во петокот соопшти дека неодамна лично на бугарскиот премиер Бојко Борисов му ги предал мапите со новите миграциски правци.

„По затворањето на западнобалканската рута, веднаш се појавија информации и мапи на арапски јазик, каде што Бугарија е наведена како коридор низ кој мигрантите ќе можат да минуваат транзит за Србија … Овие мапи му ги дадовме лично на Бојко Борисов“, рече македонскиот претседател./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа3 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија4 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа4 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа5 часа

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија6 часа

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија6 часа

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа7 часа

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...

Свет7 часа

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но...

Свет7 часа

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што...

Европа7 часа

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати,...

Македонија19 часа

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја...

Скопје1 ден

Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје,...

Македонија1 ден

Меџити: Вреди ќе се менува, платформата станува партија

Од платформата Вреди наскоро ќе произлезе нова политичка партија, која ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Како што најави...

Свет1 ден

Откриен големиот воен проект на Трамп, Илон Маск е вклучен во сѐ

Компанијата на Илон Маск, заедно со партнерите „Palantir“ и „Anduril“, моментално е еден од главните кандидати за развој на клучните...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Страдањето во Кочани нè соочи со суровата стварност на смртта, само надежта во воскресението ни даде утеха

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Од велигденската светлина да црпиме сила за солидарност и човечност

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати велигденска честитка до поглаварите на верските заедници и до сите верници од христијанска вероисповед...

Македонија1 ден

Христос воскресе објавено во полноќните литургии, црквите преполни со верници

Православните верници денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник – Велигден, денот на Христовото воскресение, кога, според верата, Исус Христос ја...

Македонија1 ден

Сончево и топло низ целата земја, температури до 27 степени

По нестабилностите од претходните денови, денес ќе има стабилизација на времето во целата држава. Ќе биде сончево и топло, со...

Свет2 дена

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во...