Контакт

Надворешна политика

Британскиот амбасадор против селективна аболиција

Објавено пред

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет на својот твитер профил напиша дека потребно е повлекување на аболицијата за сите 56 лица, кои беа помилувани од претседателот Ѓорге Иванов на 12 април.

dobivaj vesti na viber

„За еднаквост пред законот потребно е 56/56“, напиша на својот твитер профил британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет.

 

Тој им се придружи на останатите пораки што стигнаа од меѓународната заедница дека селективната аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, кој потврди дека се помилуваат 22 политичари не е прифатлива за меѓународниот фактор.

 

Ѓорѓе Иванов во петокот донесе одлука за селективно помилување на 22 видни политичари, меѓу кои и лидерите на најголемите две партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Никола Груевски.

 

ЕУ и САД излегоа со реакција дека таквата одлука е неприфатлива и дека мора да има целосно повлекување на аболицијата за сите 56 политичари./крај/мф/бб

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест...

Топ4 часа

Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот...

Македонија6 часа

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот...

Македонија9 часа

Мицкоски: Eрес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски со свој коментар за актуелните позиции во меѓународните...

Македонија10 часа

Гаши: Одредбите не се докрај прецизни дали можеме со распишани избори да избереме народен правобранител и претседател на ДКСК

Во претстојниот период предизвик за Собранието ќе биде изборот на нов народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за...

Македонија11 часа

Салиу се вознемири од прашањето дали ќе си поднесе морална оставка по пожарот во Кочани и ги обвини новинарите дека му судат

Министерот без ресор, Шабан Салиу, кој од 2008 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување и...

Македонија13 часа

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и...

Македонија13 часа

Зголемен број туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и...

Македонија14 часа

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија...

Македонија16 часа

Активни три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет16 часа

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинската држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Топ1 ден

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија1 ден

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ1 ден

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија1 ден

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија1 ден

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет2 дена

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија2 дена

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...