Контакт

Надворешна политика

Чавков учествуваше на состанок за мигрантите во Словенија

Објавено пред

Неформален министерски состанок на министрите за внатрешни работи на Грција, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија, посветен на проблематиката на менаџирање на миграциските токови се одржа во вторникот во Брдо кај Крањ.

dobivaj vesti na viber

На оваа неформална средба, како шеф на делегација на македонското МВР учествуваше заменик министерот Митко Чавков, придружуван од државниот секретар, Анастасија Илиеска и помошникот на директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Маринко Кочовски.

На состанокот на кој што свое излагање имаше и заменик министерот Чавков, покрај презентирањето на актуелните состојби со мигрантите во секоја од земјите пооделно, фoкусот беше ставен на натамошното продлабочување на оперативната соработка меѓу земјите на трасата на миграцискиот бран, како и околу активностите што треба да се преземат на тој план.

Донесовме заклучоци ние како држава од Западен Балкан иако не сме членка на ЕУ и до сега можевме да дадеме значителен придонес во безбедносниот аспект доколку Европската Унија навреме реагираше со наше опремување со материјално технички средства за вистинска идентификација на мигрантите со биометриски податоци што се разбира ќе беше од заедничка корист како информации,  за лицата кои што транзитираат низ нашите држави, рече Чавков.

Република Македонија е условена од соодветното менаџирање од страна на Грција која со несмален интензитет ни испорачува значителен број на мигранти кои се далеку од капацитетот не само на Македонија  туку и на секоја европска држава за соодветен пристап или третман и од хуманитарен и од безбедносен аспект, истакна Чавков.

Заклучоците штоо вторникот беа дефинирани од страна на министрите за внатрешни, словенечката министерка  ќе ги претстави на состанокот на министри за внатрешни на земјите на ЕУ, што ќе се одржи во петок во Брисел. /крај/мф/ап

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде

СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на...

Свет3 часа

(Фото+видео) Тајфунот Вифа го парализира Хонг Конг – издадено највисоко предупредување, откажани над 200 летови

Хонг Конг издаде највисоко предупредување за бура – сигнал број 10 – додека тајфунот Вифа ги погоди јужните делови на...

Македонија21 час

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized22 часа

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија23 часа

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија23 часа

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија1 ден

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија1 ден

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....

Македонија2 дена

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија2 дена

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ2 дена

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија2 дена

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија2 дена

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија2 дена

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија2 дена

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија2 дена

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ2 дена

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија2 дена

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...