Надворешна политика
Делегацијата на чешките Вооружени сили во посета на јужната граница и Криволак
Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Чешката република предводена од генерал Јозеф Бечвар, заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во средата ја посетија јужната граница на Република Македонија и Армискиот полигон Криволак.
Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Чешката република предводена од генерал Јозеф Бечвар, заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во средата ја посетија јужната граница на Република Македонија и Армискиот полигон Криволак.
При посетата на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ од страна на припадници од полкот за специјални намени се изведе тактичко показна вежба во еден од капацитетите наменети за обука во урбана средина, а воедно се презентираа можностите на полигонот за изведување на специфична воена обука.
Армиската делегација на Чешките ВС со особен интерес ги проследи презентираните капацитети на АП Криволак, при што ја оценија како одлична понудената можност за изведување на заедничка обука на овој специфичен армиски полигон кој овозможува услови за изведување на обука во речиси реални теренски какви се среќаваат при учеството во мировните мисии.
Во реонот на караулата „Богородица“ од страна на припадниците на Армијата на Република Македонија делегацијата се запозна со севкупната ситуација на јужната граница, при што се презентираа тактичките мерки и процедури кои ги спроведува АРМ, согласно доделените задачи за непрекинато обезбедување на државната граница и спречување на нелегални минувања.
Од страна на генералот Бечвар се скажа значењето од меѓусебната размена на искуства, научените лекции во примена на мерките и процедурите кои успешно се користат од АРМ во справувањето со мигранската криза, и значењето на таквата соработка за безбедноста не само за регионот туку и пошироко за Европа.
Дводневната официјалната посета од страна на армиската делегација на Чешките Вооружени Сили е особено значајна за Армијата на Република Македонија не само поради понатамошното интензивирање на меѓусебната армиска соработка, туку и од истакнатата поддршка за прием на АРМ во полнопрано членство во НАТО воениот сојуз./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.