Контакт

Надворешна политика

Димитриев-Катич: Македонија што поскоро да стане дел од ЕУ и НАТО

Објавено пред

Премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во вторникот оствари средба со словенечкиот министер за одбрана Андреја Катич, при што двајцата разговараа ги поздравија одличните односи кои постојат помеѓу двете земји и изразија посветеност за нивно континуирано унапредување во сите сфери од взаемен интерес.
 

dobivaj vesti na viber

Двете страни изразија задоволство од билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, како и од соработката на двете земји во овие сфери во регионален мултилатерален контекст.

Беше поздравена иницијативата за воспоставувањето на балкански медицински наменски сили чиј штаб ќе биде отворен утре во Скопје, а во кои ќе партиципираат претставници на армиите на Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора. Соговорниците исто така ја потенцираа значајноста на потребата за членството на Република Македонија во Европската унија и во НАТО.

Димитриев се заблагодари за поддршката која Словенија ја дава на земјата за реализацијата на европските и евроатлантски интеграции, како и за соработката во реализацијата на реформите значајни за унапредување на стандардите во секоја општествена сфера.

На средбата стана збор и за предизвиците во врска со мигрантската криза, при што од страна на словенечката министерка за одбрана Катиќ беше акцентирана клучната улога која Република Македонија ја има во рамките на процесот за менаџирање на овие предизвици.

Беше реафирмирано дека за справување со предизвиците на мигрантската криза е потребен координиран пристап на земјите членки на Европската унија и земјите кои се наоѓаат на балканската рута, и продолжување на соработката и координираните дејствија на сите земји на рутата. Соговорниците разговараа и за други теми од областа на соработката во сферата на одбраната и безбедноста./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Свет2 часа

Украина: Договоривме средба со Американците во блиска иднина

Договорена е нова средба помеѓу САД и Украина. „Американско-украинската средба ќе се одржи во блиска иднина“, потврди главниот помошник на...

Топ3 часа

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...

Македонија3 часа

Напаѓачите се осудени, но мотивот омраза не е докажан, oбјави адвокатот на Пендиков

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени...

Македонија5 часа

Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања...

Македонија6 часа

Мицкоски инспириран да бара уште евтини пари како унгарските поради огромниот интерес: Бизнисот ни е гладен

Бизнис-заедницата покажала интерес за повеќе од 250 милиони евра, пари од унгарскиот кредит, кои Владата ги намени за компаниите во...

Македонија8 часа

Мицкоски не се сретнал со Груевски во Будимпешта, но рече дека набргу и со докази ќе покаже дека функционери од СДСМ и ДУИ се среќавале

Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Будимпешта изминативе денови не се сретнал со избеганиот поранешен премиер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски....

Македонија10 часа

Запленети 18 килограми сребро, облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит...

Македонија10 часа

Детето врз кое падна гранка од дрво во Карпош е хоспитализирано и сè уште е под опсервација

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина...

Македонија10 часа

Разрешен Сашо Дранго, кој се фотографира со убиена мечка, на негово место во „Македонијапат“ доаѓа Александар Шуковски

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонијапат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од...

Македонија10 часа

Аспарагус, папаја, манго, леб за 440 денари за Владата, а народот тоне во сиромаштија, велат од Левицата

Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја, владиниот врв се гоштева на грбот на...

Топ11 часа

Загина велосипедист: уапсен 26-годишен скопјанец кога со возилото удрил во него

Денеска во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со...

Свет11 часа

Внукот на Де Гол: Украина беше искористена за почнување војна против Русија

Украина ja искористија како инструмент за да предизвикаат војна против Русија, изјави Пјер де Гол, внук на генералот Шарл де...

Македонија12 часа

Министерството за култура не постапува доследно при изборот на директор на Македонската филхармонија, велат вработените

Со последното соопштение на Министерството за култура и туризам, одговорните од оваа државна институција се обидоа да го оправдаат незаконското...

Свет12 часа

(Видео) Трамп му се обрати на Конгресот: „Американскиот сон е незапирлив“

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред двата дома на Конгресот во кој ги презентираше активностите на неговата администрација во...

Регион13 часа

По вчерашните инциденти и тепачки во Собранието на Србија, Брнабиќ со порака до опозицијата: Ако немаат ништо посилно од шок-бомби и солзавец, да не се појавуваат

По вчерашните бурни настани, Собранието на Србија денеска од 10 часот ја продолжува седницата. Пратениците ја завршија принципиелната расправа за...

Свет13 часа

Кина: Ако САД сакаат војна, трговска или која било друга, ќе се бориме до крај

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред Конгресот. Тој зборуваше цели два часа. Говорот е првото големо обраќање на Трамп...

Свет13 часа

Трамп откри дека Зеленски му испратил писмо: подготвен е за мировни преговори

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во своето обраќање пред Конгресот откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил...

Топ22 часа

Приведен 19-годишниот возач поради несреќата на автопатот кај Тетово во која жена загина на лице место

Приведен е 19-годишен возач, по сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар, во која животот го загуби 81 годишна жена од Охрид,...

Свет23 часа

Што значи за Украина прекинот на воената помош од САД

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ја прекине помошта за Украина е горчлив удар – не само за...